Сите ваши соништа можат да станат реалност – ако имате храброст да ги следите

ОВЕН
Работа:
Може да се каже дека ќе ја прифатите секоја работа, се додека таа ви ги носи приходите што ги очекувате. Не сте премногу пребирливи кога се работи за работа, но важна ви е платата. Потребна ви е финансиска стабилност за да бидете задоволни, не ви се допаѓаат неизвесните ситуации.

Љубов: Слушајте ја вашата интуиција, внатрешното чувство кое ќе ви помогне да откриете што сакате и како навистина можете емотивно да се стабилизирате. Вие најдобро се познавате себеси.

Здравје: Склони сте на воспаленија и повреди, денешниот ден ви е малку потежок, затоа внимавајте. Обрнете внимание на сообраќајот.

БИК
Работа:
Не се плашите од промените кои се случуваат во вашето деловно опкружување, бидејќи мислите дека лесно можете да се прилагодите на се. Внимавајте нешто да не ве изненади. Бидете внимателни и аналитички, за некои работи да не излезат од вашата контрола.

Љубов: Дојде време еднаш засекогаш да ставите крај на настаните од минатото и да престанете да се повредувате. Само така ќе можете повторно да сакате.

Здравје: Можни се проблеми со мочниот меур, особено чувствителните женски припаднички на овој знак. Склони сте на уринарни инфекции, ешерихија коли.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Застанете на време и променете ја вашата деловна стратегија. Ако сега реагирате правилно, ќе избегнете проблеми кои инаку може да ве очекуваат. Во спротивно, може да доживеете драстичен пад и на угледот и на финансиската стабилност.

Љубов: Немојте да се изненадите ако вашиот партнер некои работи ѓи побара на друго место, сепак во последно време не му пружате доволно љубов и разбирање за да имате здрава врска.

Здравје: Нервната напнатост ви прави проблеми, најдете начин да се опуштите. Одењето во бањата или масажата може да го подобри вашето расположение.

РАК
Работа:
Можно е засега да успеавте привремено да решите некои деловни проблеми, но немојте да мислите дека се ќе застане тука. Треба да се соочите со некои работи. Не оставајте ништо на случајноста.

Љубов: На саканата личност ќе и приредите убаво и романтично изненадување. Може да очекувате да уживате во заедничките моменти исполнети со нежност и топлина.

Здравје: Здравјето се подобрува, одговорно се посветивте на зајакнување на телото. Би сакале одмор и патување до некоја осамена дестинација, за да си го вратите мирот и стабилноста.

ЛАВ
Работа:
Барате деловни можности кои би можеле да бидат доволно добри за вас. Размислувате за промена на работното место, иако се уште не сте наишле на соодветна понуда.

Љубов: Доколку водите таен и паралелен љубовен живот, вашиот страв од разголување е сосема оправдан. Полека се ближи моментот кога ќе треба да донесете одлука…

Здравје: Би уживале во релаксација и масажа. Имате чувствителен грб и мускули, па често сте во различни болни состојби. Проблематичен е и цервикалниот дел од ‘рбетот. Ви треба физикална терапија, одењето на физијатар е од суштинско значење.

ДЕВИЦА
Работа:
Своите способности ќе им ги докажете на претпоставените кои потоа ќе бидат склони да ви понудат можност за унапредување. Нема причина да се премислувате. Искористете ја понудата, бидејќи тоа ретко се случува.

Љубов: Уживате во тоа што вашата популарност во општеството расте и што полека се појавуваат нови додворувачи… Ви се допаѓа вниманието што го добивате и сте расположени за лежерно флертување.

Здравје: Витални сте и полни со енергија! Денес е многу поволен ден за вас, искористете го! Патување во природа или долга прошетка ќе ве задоволи со цел да бидете во подобра состојба.

ВАГА
Работа:
Бизнисите во кои сте вложиле многу време, пари и труд полека се развиваат во посакуваната насока. Ќе биде потребно извесно време додека целосно да ги постигнете посакуваните резултати.

Љубов: Ќе имате можност да остварите стабилна и мирна комуникација со саканата личност, добра врска полна со разбирање. Ве очекува многу убав и пријатен ден во романтична атмосфера.

Здравје: Грижете се за високиот крвен притисок кој може да ви направи проблеми. Задолжителна е посета на кардиолог, за да се добие соодветна терапија. Не ги игнорирајте симптомите, бидејќи може да имате поголеми здравствени проблеми.

СКОРПИЈА
Работа:
Иако очекувавте одреден прилив на пари, тој денеска не стигна. Прилично сте разочарани поради тоа и не сте сигурни како да ги решите финансиските проблеми. Запомнете дека секогаш имате дополнителни решенија, во случај да имате слична ситуација. Позитивно е што и овој пат ќе најдете решение.

Љубов: Од само вам познати причини, повторно почнувате да се сомневате во верноста на вашиот сопружник. Како вистински детектив од криминалистички романи, се фрлате во шпионажа.

Здравје: Не земајте лекови самостојно, може да предизвикате несакани ефекти.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Треба да се соочите со проблемите кои ве мачат во однос на работата. Ако туркате некои работи под тепих, нема да си ја олесните ситуацијата… Бидете поконкретни и поодлучни во решавањето на проблемите, не ѓи одложувајте одлуките, колку и да ви се болни. Запомнете дека за се има решение.

Љубов: За да постигнете среќа и хармонија во љубовните врски, треба да работите на тоа да имате поголема самодоверба… Важно е прво да се сакате себеси…

Здравје: Претерано сте уморни и исцрпени. Овој ден посветете го на одмор, релаксација, не се форсирајте.

ЈАРЕЦ
Работа:
Постигнувате подобри и подобри резултати, но и поголема заработка! Го вложивте максимумот од вашата енергија, труд и работа во вашиот бизнис и можете да очекувате дека навистина ќе ви се исплати!

Љубов: Лесно можете да се впуштите во авантура, иако на луѓето кои ве гледаат „од страна“ им делувате дека имате совршен брак. Вие самите најдобро знаете зошто сте несреќни. Можеби решението е во отворен разговор. Ако партнерот не најде разбирање, размислете дали треба да продолжите во овој брак.

Здравје: Промената на времето ви пречи, па можете лошо да реагирате на временските услови.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Критиките од претпоставените доаѓаат од сите страни, бидејќи не успеавте да го контролирате своето неодговорно однесување на работа… Ова не ви се случува првпат. Треба сериозно да коригирате некои работи.

Љубов: Уживате во различни љубовни игри со нова личност која буди ново ниво на возбуда и страст кај вас. Ве очекува многу интересен ден. Доколку сте во врска, ве очекува изненадување кое партнерот ќе ви го подготви.

Здравје: Можна е чувствителност во пределот околу очите, како и пукање на капиларите на очите. задолжителна е посета на офталмолог.

РИБИ
Работа:
Станувате премногу уморни, бидејќи во претходната фаза сте се преоптовариле со работа. И ти си човек кој има право на одмор, нема потреба да се туркаш надвор од сите граници. Вашите претпоставени токму така ве прифатиле, па нивните очекувања се преголеми.

Љубов: Очекувате одговор на прашање или реакција на предлог што сте го имале за саканата личност. Малку сте нетрпеливи, па можете да станете агресивни.

Здравје: Сосема солидно здравје денес, но сепак не се уморувајте премногу. Може да дојде до сериозен пад на имунитетот.

By Author