„Не е сиромав оној кој што има малку, но оној што бара повеќе.“-Сенека
ОВЕН
Работа: Новитетите во деловниот сегмент што го започнавте треба да ја покажат својата профитабилност.
Љубов: Сродната душа би можеле да ја израдувате со план за патување или одмор.
Здравје: Одлично.
БИК
Работа: Денеска не треба да очекувате некои поголеми проблеми, ќе успеете да се организирате и да завршите се на вистински начин и во вистинско време.
Љубов: Разубавете си го времето, потрудете се секој момент да биде исполнет со убави емоции и внимание.
Здравје: Одлично.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Некои од вас очекуваат контакти со важни партнери, кои можеби се поврзани со странски земји и кои ќе ви бидат многу корисни во иднина.
Љубов: И покрај бројните деловни обврски, обидете се да најдете малку време и за љубовта, постојат поволни аспекти за да заблескате на тоа поле.
Здравје: Одлично.
РАК
Работа: Можеби сè ќе оди полека и се чини дека на вашите маки им нема крај, сепак се што сте започнале ќе успеете да го завршите со малку повеќе потрошена енергија.
Љубов: Слободни Ракови, не губете време, сега е шанса да започнете нова љубовна приказна.
Здравје: Променете ги навиките во исхраната.
ЛАВ
Работа: Лавовите продолжуваат да бидат лавовски и во текот на оваа среда. Внимавајте на документацијата, по можност, за да не пропуштите некои ситници и пропусти, особено некој од соработниците.
Љубов: Почнувајќи од деловното опкружување, преку пријателите или социјалните мрежи, секаде ќе можете да најдете барем една личност која на некој начин би можела да ве привлече.
Здравје: Спијте доволно.
ДЕВИЦА
Работа: Имате можност да реагирате правилно, добро да ги процените ситуациите и да ги препознаете вистинските можности. Искористете ги овие поволни околности.
Љубов: На вашето поле на љубовта нема пречки, па за очекување е и таму да направите некои конкретни потези.
Здравје: Многу добро..
ВАГА
Работа: Она што треба да го направите е да ги искористите овие позитивни планетарни аспекти за да ги импресионирате претпоставените и да го подобрите вашиот статус во работата што ја работите.
Љубов: Премногу сте инертни, треба да поминете уште малку време надвор од дома, ќе ви се допадне.
Здравје: Многу добро.
СКОРПИЈА
Работа: Бидете одговорни и упорни во напорите да завршите се на време и правилно и покрај можните препреки.
Љубов: Фокусирањето на домот и семејството може да донесе многу причини за среќа и задоволство на повеќето Шкорпии.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Се очекува многу добар работен ден за Стрелците. Сепак, не опуштајте премногу, контролирајте ја документацијата, документацијата.
Љубов: Како пар, целата своја позитивна енергија треба да ја насочите на конструктивни и забавни работи, на добро време, уживање и дружење со драги луѓе.
Здравје: Одлично.
ЈАРЕЦ
Работа: Многумина од вас успешно ќе ги завршат сите обврски и најкомплицираните проблеми работејќи од дома или од далечина.
Љубов: Вие и другата страна, имате доволно ресурси и енергија за да работите на подигнување на квалитетот на вашата врска во согласност со вашите потреби и очекувања.
Здравје: Хранете се здраво.
ВОДОЛИЈА
Работа: На повидок се промени, реорганизација и од вас ќе се очекува да преземете значајна улога во целиот процес. Нема причина да се плашите од предизвици, целосно сте подготвени да одговорите адекватно на се.
Љубов: Слободни, би сакале да се случи нешто посериозно, да запознаете некого според вашите критериуми, но сето тоа засега е слабо.
Здравје: Многу добро.
РИБА
Работа: Добро би било да искористите нечија поддршка и да започнете некој лични усовршувања, ќе ви требат во иднина.
Љубов: Ќе имате тенденција да ја префрлате одговорноста за некои проблеми и нерешени прашања еден на друг, што секако нема да доведе до решение.
Здравје: Одлично.