Животот е сон за мудрите, игра за будалите, комедија за богатите и трагедија за сиромашните.
ОВЕН
Работа: Турбулентната работна недела која доста ве измори сепак требаше успешно да заврши. Денес, зафатете се со некоја недовршена работа доколку имате и обидете се малку да се одморите.
Љубов: Доколку некоја личност од деловното опкружување ви паднала во очи, пред да реагирате, проверете го нивниот статус.
Здравје: Внимателно ракувајте со остри предмети.
БИК
Работа: Типичните Бикови, ги очекува многу поволен ден, особено кога станува збор за долгорочни планови и договори, кои се важни за вашите сопствени интереси.
Љубов: Слободни бикови, покрај приказната, од вас се очекува и малку посериозен ангажман кога станува збор за освојувачки акции. Само не брзајте, особено кога се во прашање контактите преку социјалните мрежи.
Здравје: Многу добро, пишува Астропутник.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Доколку ви останала некоја незавршена работа од претходните денови, би можеле да ја завршите денес и остатокот од денот да го посветите на толку потребниот одмор и релаксација.
Љубов: Личност од вашето деловно опкружување, која веќе некое време ви го привлекува вниманието, денес би можела да биде иницијатор за средба.
Здравје: Потребен ви е психофизички одмор.
РАК
Работа: Прво, обидете се да се опуштите соодветно ако е можно, а потоа забавувајте се размислувајќи и правејќи планови за утре и задутре.
Љубов: Комуникацијата со нова личност која неодамна ја запознавте може да оди бавно, но сигурно. Засега не форсирај ништо, само уживај.
Здравје: Бидете физички поактивни.
ЛАВ
Работа: Претстои одличен ден за Лавовите да се посветат на планирање и договори во врска со започнувањето на некои нови деловни потфати.
Љубов: Нема причина и овој ден да не се посветите на љубовни постапки понесени од страст и позитивна енергија. Уживајте.
Здравје: Чувствителност на желудникот, внимавајте на исхраната и намалете ја нервозата.
ДЕВИЦА
Работа: Многу комуникации, разговори и договори со деловните соработници во врска со лансирањето на некои идни проекти би можеле да очекуваат Девиците оваа сабота. Бидете активни и вредни.
Љубов: Можете да очекувате пријатно изненадување од личноста кон која веќе сте покажале симпатија.
Здравје: Пазете се од полесни физички повреди.
ВАГА
Работа: Добро би било денес да посветите малку време на некаква релаксација. Што се однесува до обврските, не би требало да имате некои поголеми проблеми да постигнете сè што сте зацртале.
Љубов: Ви претстои одличен ден доколку планирате да го поминете во некоја специфична љубовна акција. Може да бидете многу страсни.
Здравје: Пазете се од настинки.
ШКОРПИЈА
Работа: Претстои одличен ден за Шкорпиите на полето на сите професионални активности. Посебно позабавете се со изработка на долгорочни планови доколку се поврзани со некои странски проекти.
Љубов: Ве очекува потенцијално убав ден на љубовно поле. Уживајте во вниманието што ви го дава вашата сакана.
Здравје: Склоност кон вирусни инфекции.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Искористете го овој ден за одмор и поминување повеќе време со драгите пријатели. Поширок круг на луѓе ќе ви годи.
Љубов: Треба да искористите барем една од можностите кои се нудат денес за да уживате во флертувањето и шармот на заведувањето.
Здравје: Осетливо грло и крајници.
ЈАРЕЦ
Работа: Овој прв ден од викендот би можеле да го поминете во поширок круг на пријатели и да се опуштите од работните обврски. Исто така, можно е да се разговара со некои од нив за започнување заеднички бизнис.
Љубов: Никогаш не ја пропуштајте можноста да ја вклучите саканата личност во вашите активности, особено ако тие се поврзани со дружење или излегување. Уживајте.
Здравје: Многу добро.
ВОДОЛИЈА
Работа: Денес се можни различни изненадувања на вашиот професионален план, а позитивни поврзани со нови договори или преговори кои можете многу успешно да ги завршите и да извлечете најголема корист.
Љубов: Ако сте подготвени за ново познанство, продолжете. На повидок е нова љубов.
Здравје: Се уште важи предупредувањето за чувствителноста на урогениталниот регион.
РИБИ
Работа: Сега е вистинско време да почнете да размислувате за некакво дополнително образование и подобрување на вашето постоечко знаење. Може да имате повеќекратни придобивки во наредниот период.
Љубов: Доколку планирате долго заедничко патување, нема причина да не го реализирате. Би сакале бегство од секојдневието.
Здравје: Нема значајни предупредувања.