ОВЕН
Доколку имате проблематични односи во работната средина, овој ден ви носи вистинско откритие. По прераспределбата на обврските, добивате неочекуван поттик од личност која до сега не била пријателски настроена кон вас.

БИК
Посакувате конкретни работи. Сè околу вас е досадно и не знаете за што да се фатите и да ја направите ѕвезда водилка на денешницата. Уморни сте од работа, а ниту односите дома не се подобри. Не се откажувај, меланхолијата е минлива, како овој ден.

БЛИЗНАЦИ
Во љубовните врски сте премногу ноншалантни. Вашата желба за слобода може да биде поттик за непријатни дискусии. Доколку не станете сериозни и прифатите критики, обична расправија може да се претвори во сериозен конфликт, а потоа и раскинување.

РАК
Ненадејната средба отвора можност еден стар познаник да прерасне во романса. Бидете трпеливи со можните тешкотии на почетокот бидејќи сè ќе ви изгледа многу хаотично. Во текот на вечерта пристигнува неочекуван пресврт кој ќе ве потресе.

ЛАВ
Се заплеткавте во маѓепсан круг. Решението е точно пред вашиот нос, но тврдоглаво се држите за старата приказна која ја оправдува целата блокада во која сте се нашле. Одговорноста ја префрлате на вашите најблиски, превидувате дека вие сте креаторот на вашата среќа, а не тие.

ДЕВИЦА
Сте го пресметале математички вашиот љубовен живот, така што, според вас, нема шанси работите да не се одвиваат онака како што сте ги замислиле. Занемарувате дека не е лесно да се предвиди развојот на настаните, особено ако во односите се вклучени емоции.

ВАГА
Премногу им давате важност на луѓето кои ве осудуваат само поради сопствената досада. Вашата љубовна врска е само ваша, за неа не треба да се грижи околината. Ако го игнорирате она што другите го зборуваат, ќе сфатите дека ништо не недостасува во вашата љубовна врска.

ШКОРПИЈА
Ве привлекува личност со која љубовната врска е невозможна. Го трансформирате вашето страсно расположение во креативност, која ве исполнува со драгоцена енергија. Големата мотивација ве инспирира да направите одлични деловни потези кои ќе ви донесат чувство на вистинско задоволство.

СТРЕЛЕЦ
Не е поволен ден за договори. Одложете сè за некое време, бидејќи ако сега започнете нови преговори, може да ве чекаат големи компликации. Во моментов, подалеку од вашиот поглед се информациите кои се клучни за вашиот проект.

ЈАРЕЦ
Должностите бараат концентрација и целосен ментален ангажман од вас. Фрустрирани сте од конфликтот помеѓу вашата должност кон другите и потребата да се задоволувате себеси. Ако најдете задоволство во работата, ќе се ослободите од грчењето, а со тоа и од непријатното чувство на искористување.

ВОДОЛИЈА
Транзитите укажуваат на можноста да влезете во конфликт со вашите најблиски. Кризата во семејството може да трае доколку не се потрудите и не преземете конкретни чекори, дури и ако тие ви се непријатни. Не заборавајте дека тие не се ваши непријатели.

РИБИ
Ве опседнува идејата да започнете приватен бизнис. Заладените односи со шефовите и лошата атмосфера во опкружувањето може да разделат тим од луѓе со кои е можен независен бизнис. Запомнете дека таму каде што владее интересот, спијат љубовта и сочувството.

By Author