Светот е книга, а оние кои не патуваат читаат само една страница

ОВЕН
Должностите бараат концентрација и целосен ментален ангажман од вас. Фрустрирани сте од конфликтот помеѓу вашата должност кон другите и потребата да се задоволувате себеси. Ако најдете задоволство во работата, ќе се ослободите од грчењето, а со тоа и од непријатното чувство на искористување.

БИК
Принудени сте да поминувате часови околу луѓе кои не ви ја покажуваат почитта што мислите дека ја заслужувате. Нивното игнорирање не е злонамерно, зборуваме за луѓе чии интереси немаат допир со вашите, па не сте интересни да ве оценуваат.

БЛИЗНАЦИ
Имагинативни сте, разноврсни и полни со идеи, па големи се шансите да заработите од тоа. Сепак, за да постигнете некои поголеми цели ќе мора да жртвувате нешто, а најверојатно тоа е нешто поврзано со вашиот приватен и љубовен живот.

РАК
Имате можност да ја интензивирате работата на проекти кои долго време се обидувате да ги завршите. Ова значи дека некое време ќе треба да извршувате две посебни, но подеднакво важни работи. Малку труд, на долги патеки носи успех.

ЛАВ
Не разбирате како успеавте да ја пропуштите понудата што неодамна ја имавте. На таа тема ќе имате разговор во кој нема да ви биде удобно. Ако спремно ја прифатите критиката и понудите логично оправдување, шансата не е изгубена.

ДЕВИЦА
Барате начин да се оправдате зошто сè уште сте на место каде што многу од вашите соработници одамна заминале. Напорот ќе биде награден, но поради преголемата желба нешто да истуркате до крај, резултатот на крајот ви станува ирелевантен.

ВАГА
Денес си слаткоречив со сите. Вашето добро расположение е всушност маска за чувството на несигурност кое ве обзело. Потсвесно, сакате да ги мотивирате другите луѓе да возвратат со вашите добронамерни коментари. Ќе се разочарате.

ШКОРПИЈА
Лошите односи во вашата работна средина станаа неподносливи, па не ви преостанува ништо друго освен да размислувате за заминување. Ситуацијата не е поволна и свесни сте дека со заминувањето би ја искомплицирале и онака незавидната финансиска ситуација.

СТРЕЛЕЦ
Можни се проблеми во љубовните врски. Во минатото славевте мала победа давајќи му до знаење на вашиот партнер каде припаѓа. Денес тоа има своја цена, а вашиот авторитет може да се разниша доколку навреме не го зауздате вашето его.

ЈАРЕЦ
Претераната имагинација може да ве искушува да верувате во брза парична добивка. Разговор со личност која е во странство и чиј темперамент е многу сличен на вас може да ве турне на ова. Не се занесувајте со илузии, држете се до реалноста.

ВОДОЛИЈА
Ситуацијата на работа се менува, но вие останувате на страна. За вас тоа е поттик да ве обземат стравови и да се прашувате дали сте направиле нешто погрешно. Не грижете се, тоа што никој не ве прозива не е лош знак, напротив. Добро е што никому не му пречите во моментов.

РИБИ
Не прифаќате туѓи мислења, дури и ако вашите ставови ве доведат во големи неволји. Во текот на попладневните часови ќе добиете важни вести кои можат значително да влијаат на исходот од вашите деловни планови. Надминете ја вашата суета, прифатете ги советите на соработниците.

By Author