Секогаш избирајте луѓе кои се подобри од вас. Секогаш избирајте ги оние кои се предизвик и кои се поинтелигентни од вас. Секогаш биди ученик!
ОВЕН
Работа: Оваа недела се почнува да се решава побрзо од претходно. Ќе има нервоза, но тоа е нешто од кое во моментов не можете да избегате, па прилагодете се.
Љубов: Доколку вашите деловни обврски го дозволуваат тоа, би можеле да се почестите себеси и вашата сакана во убави моменти на опуштање заедно.
Здравје: Зајакнете го имунитетот.
БИК
Работа: Во текот на оваа недела мора да бидете многу внимателни во деловните договори бидејќи постои можност во постоечките договори да има некои недефинирани ситуации, потези и некакви видови обиди за манипулација со другата страна.
Љубов: Не сте сигурни дали сакате да промените нешто во овој момент на емотивен план, а дури и да промените, тогаш не знаете што треба да биде.
Здравје: Можна главоболка.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Ова е недела во која ќе има многу работа, многу обврски за кои сте свесни дека сте ги запоставиле и на кои морате што поскоро да се посветите. Времето истекува.
Љубов: Со разговор со саканата личност би можеле да ставите крај на сите дилеми и недоразбирања.
Здравје: Одлично.
РАК
Работа: Многу време на самиот почеток на оваа недела ќе ви одземат обврски кои не се поврзани со вашиот дел од работата и кои ги сметате за непотребни.
Љубов: Имате иницијатива доколку сакате да направите конкретен чекор на љубовно поле. Бидете искрени и опуштени.
Здравје: Многу добро.
ЛАВ
Работа: Неделата пред Лавовите бара самодисциплина и влечење на рачната сопирачка. Во фигуративна смисла, добро проучете го секој труд, секоја информација или предлог што ќе ви дојде.
Љубов: Одлични нови можности, па дури и во ваша близина, затоа бидете подготвени соодветно да одговорите на можен љубовен предизвик, никогаш не знаете.
Здравје: Намален имунитет.
ДЕВИЦА
Работа: Буквално сите работи ви одат од рака и ова може да биде еден од вашите поуспешни денови на полето на комуникацијата. Само напред.
Љубов: Евентуална нервоза би можеле да си создадете себеси, поставувајќи непотребни прашања и филозофирање.
Здравје: ‘Рбетот бара адекватен третман.
ВАГА
Работа: На самиот почеток може да има некои ситуации кои ќе ве направат нервозни. Нешто нема да можете да направите а ќе сакате, особено што имате одредени рокови.
Љубов: Без многу бранувања и нови можности на љубовно поле, најмногу анализа на сопственото однесување и преиспитување на постапките на другата страна.
Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.
ШКОРПИЈА
Работа: Шкорпиите ги очекува многу работа на самиот почеток на новата работна недела, па нема да биде лошо да побарате помош од докажаните соработници, за се да направите успешно.
Љубов: Иако во моментов нема дискусии или некои посебни разлики меѓу вас, нема блискост или вистинско разбирање. Работете на комуникација уште малку.
Здравје: Можна главоболка.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Би било паметно да не влегувате во вербални конфликти на самиот почеток на оваа недела, бидејќи некои работи можеби нема да одат како што сакате поради променетите околности. Треба да покажете поголема флексибилност.
Љубов: Зафатените Стрелци треба да се погрижат за својата врска на малку посериозен начин.
Здравје: Растоварете ја психата, одморете се доволно.
ЈАРЕЦ
Работа: Пред Јарците е фер работен ден, не ве очекуваат поголеми пречки, а комуникацијата со соработниците ќе биде подобра.
Љубов: Добар период е за дружење, за излегување и забава. Некои од вас можеби планираат патување во странство со пријателите. Уживајте.
Здравје: Освен напнатост, нема значајни предупредувања.
ВОДОЛИЈА
Работа: Деловната недела пред Водолија би можела да биде прилично збунувачка и недефинирана. Она што е очигледно е дека вашата енергија не е на високо ниво, што исто така ќе влијае на вашата мотивација.
Љубов: Ако сакате новото познанство да не заврши само со флерт и муабет, преземете иницијатива од вас зависи кој ќе биде исходот.
Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.
РИБИ
Работа: Вашата организација нема да биде совршена, колку и да брзате, не трчајте , но не брзајте ѓи и оние околу вас.
Љубов: Има некои ситуации кои ве мачат, но барем сега не е време за ситничарење. Наместо тоа, прифатете ги промените во однесувањето на другата страна на вистински начин и прилагодете се на тоа.
Здравје: Пазете се од настинки, зајакнете го имунитетот.