„Три работи го покажуваат карактерот на човекот: неговото пиење, неговиот џеб и неговиот гнев“. – еврејска поговорка
ОВЕН
Работа: Како и обично, типичниот Овен ја започнува работната недела со полна гас и работна енергија, па успешно ќе се справите со сите предизвици, какви и да се тие.
Љубов: Денеска обидете се да избегнете љубоморни сцени и расправии, не е поволен момент за никакви објаснувања.
Здравје: Бидете физички активни.
БИК
Работа: Оваа недела Биковите влегуваат во помирна и порелаксирана фаза кога се во прашање деловните активности. Следствено, се очекува малку побавен ритам на работа.
Љубов: Пред вас е ден полн со страст кога се работи за љубовни активности. Користете го правилно и уживајте.
Здравје: Одлично.
БЛИЗНАЦИ
Работа: На прв поглед почетокот на работната недела може да изгледа малку конфузно, иако работите се одвиваат на вистински начин и како што треба. Ќе почувствувате некаков вештачки притисок врз себе, но тој е само привремен.
Љубов: Не е исклучено ново, многу интригантно познанство. Следете ги внимателно сите детали.
Здравје: Многу добро.
РАК
Работа: Ве очекува ден каде би можеле да се иницираат нови деловни договори и проекти. Одете со полна пареа кон зацртаната цел.
Љубов: Доколку ви дозволуваат деловните обврски, би можеле да очекувате убави и релаксирачки моменти во домашна атмосфера или семејна средина.
Здравје: Можни стомачни проблеми.
ЛАВ
Работа: На почетокот на работната недела Лавот го очекуваат многу обврски но и позитивни предизвици на професионален план. Потрудете се да ги завршите сите претходни обврски пред да преземете нови.
Љубов: Имате многу убави планови поврзани со полето на љубовните односи, само помалку зависи од вас, а повеќе од другата страна. Денеска ќе функционирате во контра ритам.
Здравје: Одлично.
ДЕВИЦА
Работа: Имате вистински причини да се надевате на успешен работен ден доколку се организирате на најдобар можен начин. Ве очекуваат многу корекции на туѓите грешки и пропусти.
Љубов: Треба да ги балансирате сопствените желби со реалните можности. Преиспитајте се.
Здравје: Многу добро.
ВАГА
Работа: Деловниот сегмент би можел да ви биде главна преокупација денес, можете да очекувате важни деловни договори и нови контакти, вклучително и контакти со странство.
Љубов: Во зависност од тоа дали сте ги погодиле очекувањата на саканата личност, денес би можеле да бидете пријатно изненадени или критикувани.
Здравје: Би уживале во физичка активност.
ШКОРПИЈА
Работа: За најтипичните претставници на овој астролошки знак, првиот работен ден во неделата носи многу работа, но и напната комуникација со најблиските колеги. Треба да бидете во тим, ќе биде полесно.
Љубов: Бидете позитивни, расположени, не се исклучуваат изненадувањата, особено ако планирате да излезете со вашето друштво.
Здравје: Одлично.
СТРЕЛЕЦ
Работа: На стартот на новата работна недела, Стрелците ги очекуваат многу нервоза, пред се поради фактот што мора да се прилагодат на колегите и претпоставените. Тоа е она што е.
Љубов: Дури и на љубовен план, денес може да ви недостига малку флексибилност, за подобро да го разберете однесувањето на личноста која ви се допаѓа.
Здравје: Спијте доволно.
ЈАРЕЦ
Работа: Ќе бидете во голема брзање овој понеделник. И покрај тоа што ќе трчате на сто страни, сето тоа ќе ви се исплати.
Љубов: Не оптоварувајте се со некои мисли и обидете се да предизвикате непотребни дискусии, немате причина да се грижите кога се работи за верноста и лојалноста на партнерот.
Здравје: Многу добро.
ВОДОЛИЈА
Работа: Почетокот на неделата носи голем ангажман и интензивен работен распоред за Водолиите. Ќе бидете зафатени со состаноци и аранжмани.
Љубов: Ситуацијата е претежно стабилна на љубовно поле, но ќе се забележи доза на (не)оправдан немир, па направете анализа.
Здравје: Многу добро.
РИБИ
Работа: Типичните Риби ги очекува многу добар работен ден, без разлика дали ќе продолжат со претходно започнатите, или ќе започнат нови идеи за деловни проекти.
Љубов: Не дозволувајте другите да се мешаат во вашата врска и да ве советуваат.
Здравје: Можна главоболка.