Не бидете гледач. Не дозволувајте животот да помине покрај вас!

ОВЕН
Работа:
Во новата работна недела, повеќето Овни почнуваат со полна брзина, подготвени да се соочат со сите предизвици без поголеми потешкотии.

Љубов: Во добра љубовна форма сте, само треба се да избалансирате со денешниот напорен деловен распоред.

Здравје: Одлично.

БИК
Работа:
На повеќето Бикови им претстои солиден почеток на работната недела. Треба да држите сè под контрола и да ги решавате проблемите чекор по чекор.

Љубов: На љубовен план очекувате и другите да ги отворат картите како и вие и почнувате да се занимавате со посериозни планови за иднината.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Овој ден ветува солиден почеток за Близнаците, но внимавајте на можните компликации бидејќи сепак многу не зависат од вас. Скратете ја вашата нетрпеливост.

Љубов: Не се препорачува префрлање на напнатоста и нервозата во љубовната сфера, бидејќи може дополнително да ги искомплицирате работите и да ги зголемите тензиите.

Здравје: Зголемена нервоза.

РАК
Работа:
Многу добар почеток на работната недела е пред Раковите. Од вас се очекува да бидете вредни и одговорни, а можни се и пофалби од претпоставените.

Љубов: Искористете го овој добар период за да планирате заеднички цели, да ја насочите целата енергија на вашата врска и да бидете целосно посветени на саканата личност.

Здравје: Многу добро.

ЛАВ
Работа:
Овој понеделник може да биде најава за период за Лавовите во кој ќе имате можност да склучите некои нови договори и соработки. Искористете ја можноста да ги потврдите вашите ставови.

Љубов: Без значителни промени на вашето емотивно ниво во однос на претходниот ден, треба да ја контролирате вашата импулсивност ако е можно.

Здравје: Многу добро.

ДЕВИЦА
Работа:
На Девиците им претстои нов деловен циклус, па за очекување е уште од самиот почеток да покажат зголемена посветеност и енергично да се зафатат да одговорат на новите професионални предизвици.

Љубов: Појавата на личност од вашето љубовно минато би можела да ве заинтригира. Дозволете вашите емоции да ве понесат.

Здравје: Хронични заболувања.

ВАГА
Работа:
Ако добро се организирате, ги имате сите шанси да склучите многу добра деловна зделка на самиот почеток на оваа недела.

Љубов: Добар ден за повеќе нови љубовни контакти, на вас останува да не одмерувате премногу, туку да бидете поодлучни.

Здравје: Можни алергиски реакции на кожата.

ШКОРПИЈА
Работа:
Можни критики од претпоставените поради недоволна ангажираност, би можеле да ги пречекаат Шкорпиите овој понеделник.

Љубов: На саканата личност денес би можело да му пречи вашата себичност и егоцентричност.

Здравје: Многу добро.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Ефикасноста и брзината треба да бидат белег на првиот работен ден за повеќето Стрелци. Можно склучување на некои нови договори или видови на соработка.

Љубов: Доколку сеуште ја чекате вистинската прилика, еве го денот кога на повидок би можела да се појави многу интересна личност.

Здравје: Би уживале во физичка активност.

ЈАРЕЦ
Работа:
Јарците од самиот почеток би можеле да очекуваат недоразбирања со некои од соработниците кои не го прифаќаат вашиот начин на работа и организација.

Љубов: На љубовен план чувството на незадоволство ќе ве придружува во текот на целиот ден. Ако зависи од вас, обидете се да ги погледнете работите од поинаков агол.

Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Многу комуникации и разни договори и преговори се пред Водолија денес. Внимавајте кому му поверувате важни детали, не се сите многу пријателски расположени кон вас.

Љубов: Нема пречки на вашиот љубовен хоризонт, затоа бидете активни и уживајте.

Здравје: Многу добро.

РИБА
Работа:
Повеќето Риби треба да се позанимаваат повеќе со информациите што ќе им пристигнат денес, за да избегнат обиди да ги измамат.

Љубов: Малите знаци на внимание секогаш значат многу, затоа израдувајте ја вашата сакана личност.

Здравје: Внимавајте на редовна и правилна исхрана.

By Author