ОВЕН
Работа: На почетокот на работната недела Овните имаат многу обврски и големи предизвици на професионален план, но се очекува нешто полесен работен ритам.
Љубов: Овој понеделник не е најповолен за да си верувате премногу во себе и вашата проценка за состојбите на полето на љубовните врски. Слушајте барем една личност на која и верувате.
Здравје: Многу добро.
БИК
Работа: Нагласено чувство на сигурност и верба во својот ритам и начин на работа ќе ги придружува повеќето Бикови овој понеделник, овозможувајќи многу добар почеток на новата работна недела.
Љубов: Денес би можеле да бидете фокусирани првенствено на себе и на вашите интимни мисли, што дефинитивно е она што ви треба. .
Здравје: Одлично.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Како и обично, типичните Близнаци ја започнуваат работната недела со полн гас, со ентузијазам. Не бидете само избрзани.
Љубов: Што се однесува до она што се случува во љубовната сфера, ситуацијата може да се одвива многу побрзо отколку што самите очекувавте. Бидете подготвени да реагирате соодветно.
Здравје: Променливо расположение.
РАК
Работа: Првиот работен ден од новата недела за најтипичните Ракови ветува многу солидна клима за сите планирани обврски да се завршат полека и намерно според планираното.
Љубов: За реално да ја согледате постоечката ситуација во љубовната сфера, ќе ви треба уште малку време. Затоа, не брзајте да донесувате конечни заклучоци.
Здравје: Можна главоболка.
ЛАВ
Работа: Првиот работен ден од новата недела за најтипичните Лавови ќе биде обележан со важни состаноци, разговори и преговори за идните професионални активности.
Љубов: Во сферата на вашиот љубовен живот треба да има нови околности. Потрудете се да размислите смирено и да донесете правилна одлука без да го оптоварувате сопственото его.
Здравје: Многу добро.
ДЕВИЦА
Работа: Имате вистински причини да се надевате на многу успешен работен ден, па од вас се очекува да го дадете најдоброто од себе и да ги надминете сите во деловното опкружување.
Љубов: Дел од позитивната енергија и доброто расположение не би било лошо доколку го насочите на полето на љубовните врски.
Здравје: Одлично.
ВАГА
Работа: Веднаш од почетокот на новата работна недела, Вагите имаат бројни обврски на професионален план, а денес акцентот е на поставување на основите за претстојните активности.
Љубов: За денес нема навестувања за значајни настани и промени. Сепак, бидете позитивни, не се исклучуваат изненадувањата.
Здравје: Можна нервоза.
ШКОРПИЈА
Работа: Повеќето Шкорпии имаат реални шанси навреме да ги постигнат сите поставени деловни цели. Посебно внимавајте на роковите и датумите, за да не пропуштите детал.
Љубов: Во текот на овој ден можете да очекувате барем една добра вест и позитивен исчекор кога се во прашање љубовните врски.
Здравје: Одлично.
СТРЕЛЕЦ
Работа: За најтипичните претставници на овој астролошки знак, првиот работен ден во неделата носи многу работа и ситни проблеми во комуникацијата со најблиските колеги.
Љубов: Денес би било најдобро да ја препуштите иницијативата на љубовен план на саканата личност и евентуално да ја потсетите на некое неисполнето ветување.
Здравје: Напнатост, стрес.
ЈАРЕЦ
Работа: Многу поволни околности на професионален план ќе ги придружуваат Јарците во текот на овој понеделник, особено ако имаат намера да започнат важни дискусии за нови големи деловни проекти.
Љубов: Ве очекува многу убав ден во сферата на љубовните случувања. Уживајте во вниманието што ви го дава вашата сакана.
Здравје: Можна главоболка.
ВОДОЛИЈА
Работа: Доколку ги следите најважните детали од однапред испланираниот работен ден, тогаш нема непремостливи пречки за да ги достигнете вашите деловни цели.
Љубов: Многу на полето на љубовните врски зависи од тоа што сакате и очекувате од другата страна.
Здравје: Би уживале во физичка активност.
РИБА
Работа: Рибите на првиот работен ден би можеле да се соочат со малку послаба концентрација и фокус, па се препорачува прво да ги завршите приоритетните задачи.
Љубов: Сакате или посакувате многу работи, но што се однесува до резултатите, тие засега се просечни.
Здравје: Можна напнатост, нервоза.