Животот не е само да имате добри карти, туку и да одиграте добро дури и кога тие се лоши.

ОВЕН

Работа: Периодот ви носи важни деловни потези, а ќе имате доволно енергија и иницијатива да реализирате една од вашите големи идеи. Акцентот е на добар план и изборот на вистинските луѓе за вашиот тим. Можете да обновите стара соработка и да потпишете важен документ.

Љубов: Поволен период за романтични моменти со партнерот. Слободните Овен ќе имаат можност преку социјалните мрежи да запознаат многу атрактивна личност. Наскоро следат состаноци и почеток на врска. Со текот на времето, ќе бидете сигурни дека личноста е вистинската за вас.

Здравје: Несоница, оптоварени сте со деловни обврски.

БИК

Работа: Планетарните аспекти во вашето поле на комуникација и сообраќај ќе ви донесат многу состаноци и пократки патувања, но и поместувања во некои планови. Тоа доцнење нема да се одрази лошо на вашите вкупни резултати. Дури и вие ќе бидете подготвени да ризикувате во една инвестиција, но тоа ќе вроди со плод.

Љубов: Внимателно во односите со партнерот. Премногу сте зафатени со деловни обврски, а вашиот партнер тоа може да го сфати како знак дека се дистанцирате од него. Не дозволувајте недоразбирањето да ги зголеми неговите чувства на отфрленост.

Здравје: Мускулен спазам, пожелно е внесување на повеќе магнезиум во организмот.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Отстапките што ги правите се исклучителни и некој ве цени поради тоа. Можете да очекувате прилично солидна ситуација на полето на работата, бидејќи доволно работевте на тоа.

Љубов: Вашата љубовна сцена е доста комплицирана. Слободните Близнаци може да очекуваат дилема. Ви се допаѓаат двајца луѓе, но на различни начини. Близнаците кои се во врска ќе почувствуваат заситеност меѓу нив и партнерот, како и потреба од возбуда.

Здравје: Вртоглавица, можеби поради зголемен притисок.

РАК

Работа: Уживате поддршка од многу влијателна личност, а тоа ќе ви донесе поволни услови за да започнете со работа на подобро место. На таа работа ќе дојде до израз вашето чувство за организација и талент да ги водите другите. Можете да добиете фонд за да започнете бизнис.

Љубов: Негативните зборови на партнерот едноставно ве исфрлија од колосек. Овој ден има набој за негативна енергија доколку се занимавате со чувствителни теми. Една мала работа може да создаде многу негативни коментари, па затоа е подобро да премолчите некои работи и вашите табу теми.

Здравје: Проблеми со стомакот. Внимавајте на исхраната.

ЛАВ

Работа: Транзитот на планети во вашето поле на приватен бизнис може да укаже на потребата прво да регулирате некои правни или административни работи, за да можете да продолжите со работа и тоа во најкус можен рок. Најдоброто решение за вас е да подготвите резервен план.

Љубов: Слободните Лавови ќе почнат да се гледаат со многу привлечна личност, но може да бидат збунети од нејзиното неконзистентно однесување. Можеби ова е вистинската причина за вашите измешани чувства. Почекај малку, времето најдобро ќе каже кој е кој.

Здравје: Зголемена нервоза, обидете се да ја контролирате ситуацијата.

ДЕВИЦА

Работа: Не преземајте ризици и подгответе резервен план за секој случај. Можни се проблеми и дискусија на вашето работно место. Постои можност за голема промена на досегашниот начин на работа, а тоа може да повлече дополнителни потреси во организацијата.

Љубов: Забележувате промени кај партнерот – се чини дека улогите во вашата врска се менуваат или мешањето на некои луѓе од страна може да биде причина за турбуленции. Како некои ситуации да ве исфрлиле од рамнотежа, затоа внимавајте да не претерате со партнерот и да не кажете нешто што навистина не го мислите.

Здравје: Вкочанетост на цервикалниот ‘рбет.

ВАГА

Работа: Период на неизвесност во вашата работна средина и внесување нови елементи во начинот на водење бизнис. Промените можат да донесат цела низа промени во структурата на вработените. Одржувајте дипломатски став и не коментирајте турбулентни настани или нововработени.

Љубов: Односот со партнерот не ви оди според очекувањата, а некои негови коментари може да ве исфрлат од колосек. Токму кога мислевте дека се е во ред, неговото однесување се движи од сомнеж до љубомора. И покрај реално иритирачката ситуација, покажете подготвеност за разговор.

Здравје: Појава на егзема.

ШКОРПИЈА

Работа: Одложување на патување и промена на претходно зацртаните планови. Постои можност да претрпите загуби доколку избрзате со некои потези. Можно е да се сменат некои прописи во однос на странските земји, па работните места би можеле да бидат одложени.

Љубов: На љубовен план може да настанат турбуленции. Можни се љубоморни сцени. Партнерот може да се сомнева во вистинитоста на вашите зборови. Ова, од друга страна, може да ве налути. Со еден збор, на повидок е жестока дебата. Подобро да не влегувате во расправија.

Здравје: Зголемете ја толеранцијата на стрес.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Овој период ви носи можност да заработите многу, но работата може да се одвива со повремени прекини и доцнења поради законските прописи поврзани со странство. И покрај тоа, ќе бидете задоволни од крајниот исход и финансиската состојба.

Љубов: Неодамна започнатото познанство лесно може да се претвори во нешто што ги надминува вашите очекувања. Постои можност некој кој е зафатен да е подготвен да ја прекине врската во која моментално е, поради неодоливата привлечност и емоции кои ги чувствува за вас од ден на ден се посилно.

Здравје: Проблеми со синусите.

ЈАРЕЦ

Работа: Доколку планирате да влезете во ризична инвестиција, почекајте малку и размислете повторно за се. Постои можност да се појават неочекувани пречки на работа, особено ако соработувате со странски земји и ако сакате да вложите повеќе пари. Подобро биди трпелив.

Љубов: Не сте сигурни дали сте постапиле правилно со тоа што прво го започнавте разговорот на тема заедничка иднина, но тоа го направивте затоа што имате чувство дека вашиот партнер се претворил во личност која навистина не ја познавате. Загрижени сте за растојанието.

Здравје: Губење на концентрацијата, претпазливост при возење.

ВОДОЛИЈА

Работа: Сега се актуелни работите што не можете да ги контролирате, тајните и скриените непријатели. Некои законски прописи можат да донесат пречки во вашиот бизнис или да придонесат за водење бизнис под тешки околности. Големите одлуки оставете ги за подоцна.

Љубов: Вашата отвореност и искреност кон партнерот покажува добри резултати. Опуштени сте и уживате во добри односи со партнерот, опкружени со атмосфера на љубов и меѓусебна доверба. Слободните Водолии можат да ја запознаат својата сродна душа преку социјалните мрежи.

Здравје: Можна е хормонална нерамнотежа, преконтролирајте ја работата на тироидната жлезда.

РИБИ

Работа: Овој ден ви носи време за анализа на претходната недела и ќе бидете задоволни од резултатите. А сепак, подгответе резервен план за следната недела, бидејќи некои промени во општата клима на вашиот бизнис може да бараат посебни мерки и дополнително прилагодување.

Љубов: Слободните Риби ќе имаат можност да остварат ново интересно познанство, но сепак треба да заземат порационален став за подоцна да не се разочараат. Склони сте да идеализирате, па некои луѓе едноставно може да ви изгледаат дека се подобри отколку што навистина се.

Здравје: Раздразливост и несоница.

By Author