Никогаш нема да бидете добри за луѓето кои не можат со вас како што они сакаат!
ОВЕН
Работа: Имате можност да склучите важен деловен договор со колеги од странство. Периодот е поволен и за сите формални, документарни прашања, како и за судски процеси доколку сте инволвирани во нешто од тој тип.
Љубов: Во текот на овој ден нема да доживеете драстични промени на полето на љубовта. Ако сте зафатени, сè тече прилично мирно и без поголеми трзавици. Оние кои се сингл може да очекуваат флерт и контакт со некоја личност, но не повеќе од тоа.
Здравје: Грижете се за можните проблеми поврзани со црниот дроб и жолчката. Посетете го вашиот лекар и уверете се каква е ситуацијата со покачениот холестерол и триглицериди. Не ги игнорирајте проблемите.
БИК
Работа: Поволен период е доколку планиравте да побарате заем или кредит. Ако ги предадете документите на банката, можете да очекувате позитивен одговор. Следува мало финансиско подобрување.
Љубов: Доколку сте во брак, односите со партнерот ви се подобруваат и полека наоѓате компромис за некои прашања кои ве мачеле. Другите треба да внимаваат на можноста партнерот да ги измами или да создаде лажна слика за себе.
Здравје: Регулирајте го внесот на течности како што ви препорачал вашиот лекар. Грижете се за вашите бубрези, особено ако веќе сте имале проблеми со појавата на песок или камења.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Можни се кавги и расправии со деловен партнер. Чувствувате дека не ги исполнува вашите очекувања и дека не придонесува доволно во работата. Можно е да не дојдете до конечни решенија.
Љубов: Дојде време јасно да ја дефинирате ситуацијата на љубовен план и да направите се за да го убедите партнерот во вашите намери. Нема повеќе простор или време за двоумење, дојде часот на одлука.
Здравје: Проблеми поврзани со урогениталниот тракт, особено кога се работи за репродуктивни органи, воспаленија или инфекции во таа област. Препорачливо е да контактирате со стручно лице, односно гинеколог или уролог.
РАК
Работа: Се преоптоваривте со деловни обврски и немате повеќе енергија да се посветите на нешто друго. Имате впечаток дека нема крај, дека постојано се вртите во круг, иако вложувате максимални напори да завршите некои работи.
Љубов: Доколку сте слободни, ве очекува фатална средба! Ви доаѓа личност во која ќе се заљубите на прв поглед и тоа ќе ви ги разбранува емоциите. Можно е таа да е малку постара од вас.
Здравје: Внимавајте ако забележите проблеми поврзани со хроничен замор. Исто така, би било добра идеја да ја проверите вашата крвна слика за да видите дали има некоја причина за каков било вид терапија.
ЛАВ
Работа: Не верувајте во лажни ветувања. Некој се обидува да ве „намами“ и да ви ги претстави работите далеку подобро отколку што се. Пред да направите било каков договор, внимателно проверете ги сите услови.
Љубов: Многу набрзина можете да влезете во нова врска. Лесно може да се случи целосно погрешно да го процените партнерот. Ако воопшто е можно, обидете се да не судите пред да се откријат сите карти.
Здравје: Можеби сте склони кон настинки, вирусни инфекции, имунитетот се уште ви е ослабен. Доколку имате некакви хронични проблеми, тие сега можат да бидат доста изразени. Ви треба одмор.
ДЕВИЦА
Работа: Доколку се занимавате со приватен бизнис, можете да очекувате помали проблеми и компликации на тој план. Бидете свесни кој ви се меша во финансиите. До крајот на овој период ќе успеете да решите се.
Љубов: Малку ви е досадно кога е љубовното поле во прашање. Можно е врската да станала монотона и полека да сте склони да флертувате на страна. Сепак, и во тоа немате преголем успех.
Здравје: Чувствителна е областа на градниот кош, како и мочниот меур, долниот дел на стомакот. Припадничките на овој знак се особено чувствителни. Склони сте кон воспаленија и настинки, затоа внимавајте.
ВАГА
Работа: Можете дополнително да се стабилизирате на деловен план и да консолидирате некои деловни зделки што сте ги направиле порано. Имате поволни аспекти, ситуацијата е стабилна и точно знаете каде стоите. Вие сте многу задоволни од вашата моментална позиција.
Љубов: Тешко ви е да дојдете до промени на љубовен план, иако сте желни за нив. Како некои работи едноставно да не одат по ваша желба. Тешко ви е да ја прифатите осаменоста, но сепак некои работи не се менуваат со сила.
Здравје: Можни се проблеми со белите дробови, ве мачи кашлица и склони сте на разни респираторни инфекции. Грижете се за себе, избегнувајте цигари, чад од тутун и загушливи простории. Тежок период и за астматичарите.
ШКОРПИЈА
Работа: Сте го поставиле за приоритет да ги решите вашите финансиски проблеми и целосно сте посветени на тоа. Ништо друго не ве интересира, туку само заработка, профит, готовина. Ќе бидете успешни во намерата, не грижете се.
Љубов: Емотивните настани се на втор план, бидејќи не сте доволно посветени на партнерот. Сепак, тој разбира кои се вашите приоритети сега и ги поддржува вашите амбиции, така што нема да има поголеми проблеми на овој план.
Здравје: Грижете се за забите, непцата, оралната хигиена, како и за состојбата на кожата на устата и носот. Можни се помали проблеми или инфекции во оваа област. Посетете го вашиот стоматолог за редовни прегледи.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Не сте во поволен период за донесување важни одлуки, може да навлезете во некои поголеми проблеми на деловен план доколку избрзате. Обидете се да се воздржите од промени во оваа фаза.
Љубов: Можни се големи расправии и конфликти со партнерот. На моменти сте претерано груби кон него и тоа ве води до уште поголем раздор. Обидете се да видите како изгледаат работите од негова гледна точка.
Здравје: Склони сте кон силни главоболки, мигрена, како и проблеми со очите. Пределот на главата е особено чувствителен, затоа внимавајте на можни удари или повреди во таа област.
ЈАРЕЦ
Работа: Многу поволен период за правење деловна стратегија и планови за иднината. Сега имате вистински увид во деловната ситуација и врз основа на тоа можете да креирате адекватна деловна тактика.
Љубов: Имате преголема кочница во себе која не дозволува сосема отворено да ги покажете емоциите на саканата личност. Треба да работите на себе и да преземете позрел пристап во комуникацијата со партнерот.
Здравје: Преоптоварени сте со нервоза која сте си ја наметнала, па на здравствен план можни се нервни проблеми. Склони сте и кон алкохол и пороци, внимавајте да не претерате.
ВОДОЛИЈА
Работа: Можете да очекувате помош и поддршка од постар колега и соработник. Дополнително, поволен период е да влезете во заеднички деловен проект со некои ваши пријатели кој може да биде успешен.
Љубов: Полека ја губите самодовербата бидејќи личноста која ви се допаѓа не ви посветува доволно внимание. Имате впечаток дека работите не одат во добра насока и дека немате премногу шанси за врска со неа.
Здравје: Можни се проблеми со циркулацијата во нозете, проширени вени, како и со генерално чувствителните колена, зглобови и стапала. Внимавајте и доколку забележите проблем – обратете се кај вашиот лекар.
РИБА
Работа: Многу е важно во оваа фаза да бидете максимално фокусирани на полето на работа. Ќе се случат важни настани и од голема важност е да се поставите на најдобар можен начин и да ја покажете вашата снаодливост во одредени ситуации.
Љубов: Добивате можност да флертувате и да контактирате со некој од деловното опкружување. Свесни сте дека врската може да ве доведе во конфликт на интереси, но засега е премногу убаво да се откажете.
Здравје: Можни се проблеми со ‘рбетот. Би било добро да се посветите на лесни вежби или да се консултирате со вашиот физиотерапевт за тоа која терапија најмногу би ви одговарала.