Слабите луѓе возвраќаат, силните простуваат. Интелигентните едноставно игнорираат!
ОВЕН
Работа: Подобрувајте ги своите деловните перформанси. Целата работа ја имате на хартија, но реализацијата уште не. Доволниот одмор може да ви донесе многу подобри шанси за поквалитетна работа.
Љубов: Девицата е одлична можност да се забавувате. Не правете компромиси и ваша штета, овој пат, само забавувајте се.
Здравје: Немате поголеми проблеми.
БИК
Работа: Не сте сами и не треба да се грижите за тајмингот. Она што ќе го направите денес е да планирате да одите на патување со пријателите.
Љубов: Не сте лошо расположени, бидејќи веќе некое време се чувствувате многу подобро во своја кожа поради една личност која ви е блиска.
Здравје. Не сакате да се занимавате со темата здравје.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Во основа сте зафатени со работа, но тоа не е причина да не се одморите и да се наполните со позитивна енергија. Поминете го денот со семејството.
Љубов: Шкорпијата стои покрај вас и не дозволува ситуацијата да тргне во погрешна насока. Мислите дека веќе некое време сте на вистинскиот пат.
Здравје: Моментално немате поголеми проблеми.
РАК
Работа: Не сте од оние кои нешто ќе прават рутински, но ќе се трудите доволно добро да се интегрирате во она што ви се нуди како дополнителна шанса за личен развој.
Љубов: Ако сте сами, не очајувајте, подгответе се за вечерно излегување. Она што ви се дава преку емотивното поле може да биде печат за нешто повеќе.
Здравје: Променливо.
ЛАВ
Работа: Бидете доволно дарежливи кон вашите соработници. Ова ќе биде одлична деловна соработка. Не очајувајте за она што сте го пропуштиле во претходниот период.
Љубов: Ќе имате повеќе избор. Ќе бидете одлично расположени доколку видите дека со долгогодишен партнер можете многу подобро да се снајдете на полето на емоциите.
Здравје: Моментално немате поголеми проблеми.
ДЕВИЦА
Работа: Премногу сте педантни кон околината. Никој не ве разбира во она што го правите освен друга Девица.
Љубов: Доколку партнерот се оддалечил од вас, овојпат не очајувајте. Ќе бидете одлично расположени доколку се подготвите за нов предизвик со една Риба.
Здравје: Пазете се од настинки.
ВАГА
Работа: Колку повеќе се обврзувате на нешто повеќе за вашиот џеб, толку повеќе ќе растете финансиски. Не си создавајте бариери за себе.
Љубов: Партнерот е склон кон површни врски. Не очајувајте, туку направете нешто исклучиво за себе.
Здравје: Мочниот меур ви е слаб.
ШКОРПИЈА
Работа: Собирањето на плодовите од порано е ваша лична задача. Мора да се оттргнете од впечатокот кој го остава една Риба. Ја сакате вашата независност.
Љубов: Став кој го имате малку кој го има. Мора да бидете упорни со еден Бик, кој веќе некое време сака да ви се предаде.
Здравје: Вртоглавица.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Не е се во парите. Не трчај по нив. Нема да ги достигнеш. Ви преостанува само малку посилна, покреативна и сериозна работа и сте во одлична позиција.
Љубов: Премногу сте свои за да дозволите некој да владее со вас. Чувствувате и голема слобода, но одговорност за вашето однесување.
Здравје: Опуштете се што е можно повеќе.
ЈАРЕЦ
Работа: Почетокот на новата работна недела за повеќето родени во знакот Јарец реално е малку побавен, пред се поради можните барања од претпоставените поврзани со некаква документација.
Љубов: Му верувате на партнерот без обврска. Немате намера да слушате гласини, кои се премногу едноставни за да верувате.
Здравје: Денес немате поголеми тегоби.
ВОДОЛИЈА
Работа: Сакајте ја својата работата и овојпат не се жалете на малку полоши работни услови. Мора да се концентрирате на дадените околности, кои ви се претставени како незаборавно искуство.
Љубов: Сакате да му угодувате на партнерот, останувате доследни на вашите мотиви. Може да имате незаборавен ден, но само ако го сакате.
Здравје: Солидно денес.
РИБИ
Работа: Доколку сакате да го поминете овој понеделник без поголеми потешкотии, обидете се да го насочите вниманието само на најважните деловни задачи.
Љубов: Мора да пресечете за некои битни работи кога е во прашање вашиот брак. Се повлекуваш и тоа ти е најголема грешка.
Здравје: Имате посилно чукање на срцето.