„Луѓето не се намерно злобни, туку од незнаење. Треба да знаете што е добро за да се направи добро “ – Сократ.
ОВЕН
Работа: За очекување е да започнете со полна пареа и максимално енергетски ангажман во нови работни победи.
Љубов: Поволен ден е за секакви дружења во кругот на пријателите и саканите. Искористете го максимумот од тоа.
Здравје: Одлично.
БИК
Работа: Во новата работна недела влегувате некако тромо, донекаде инертни, но ништо страшно, инаку на Биковите им треба повеќе време да го најдат вистинскиот ритам.
Љубов: Ќе бидете во добра позиција да регистрирате и да откриете кого му се допаѓате во вашата блиска околина.
Здравје: Одлично.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Оваа работна недела за Близнаците носи промена на ситуацијата на подобро , ќе се отворат некои нови можности специјално за вашата позиција преку нови соработници.
Љубов: Се што сте планирале на љубовен план, треба да го постигнете со голем успех. Уживајте.
Здравје: Многу добро.
РАК
Работа: Доколку на почетокот на оваа недела ве дочекаат куп обврски, нема причина за грижа, почнете од најважните работи и без нервоза.
Љубов: Што се однесува до вас, нема причина да менувате нешто на љубовен план. Опуштете се и уживајте.
Здравје: Одлично.
ЛАВ
Работа: Пред вас е многу захтевна и напорна работна недела полна со обврски. Сè ќе биде добро ако сте мудри и трпеливи.
Љубов: Веројатно ништо важно и конкретно нема да се случи во текот на овој ден, но на повидок се некои сигнали за нови љубовни авантури.
Здравје: Проверете го крвниот притисок.
ДЕВИЦА
Работа: Добро би било од почетокот на неделата целосно да ги контролирате обврските и плановите.
Љубов: Можно е ненадејно ново запознавање со многу интересна личност на сосема неочекувано место, па бидете подготвени да одговорите на предизвикот.
Здравје: Одлично.
ВАГА
Работа: Позитивното расположение и енергија со кои ја започнувате оваа недела треба да ве следат во текот на целиот ден.
Љубов: Многу добар ден за родените во овој знак кои се желни за флерт и љубовни авантури, само внимавајте да не ги расипете и постоечките партнерски односи.
Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.
ШКОРПИЈА
Работа: И овој понеделник нема непремостливи пречки за типичните Скорпии. Сè што е поврзано со странски земји се движи на забрзан начин. Може да добиете многу интересни предлози.
Љубов: Нема поголеми промени во однос на претходниот ден што се однесува до љубовните настани. Иницијативата е ваша.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Доста напорен ден пред Стрелецот, па потрудете се се што треба да направите како што треба.
Љубов: Слободните Стрелци сè уште можат да размислуваат што и како со новата симпатија. Пробајте, дајте и шанса.
Здравје: Можни стомачни проблеми.
ЈАРЕЦ
Работа: Почитувајте се, однесувајте се според докажаните професионални норми и ќе имате успешен понеделник, можеби и над реалните очекувања.
Љубов: Не треба да брзате туку да уживате во она што се случува и да дозволите вистинската личност да го најде патот до вашето срце.
Здравје: Чувствителност на ‘рбетот.
ВОДОЛИЈА
Работа: Не брзајте да ги правите работите погрешно или да заборавите нешто важно за вас.
Љубов: Доколку имате намера да го подигнете постоечкиот партнерски однос на повисоко ниво, дајте предлог, разубавете си го денот на себе и на вашата сакана личност.
Здравје: Одлично.
РИБИ
Работа: Многу е поволен ден за Рибите да завршат се што замислиле без поголеми проблеми.
Љубов: Рибите ќе имаат солиден љубовен ден пред се за дружење и убав, опуштен разговор.
Здравје: Нема значајни предупредувања.