Љубовта е стакло што се крши ако некој го прими премногу несигурно или премногу цврсто.
ОВЕН
Работа: Одличен почеток на работа очекуваат повеќето Овни, за да ги постигнат поставените работни цели без брзање, но со многу ангажман, успешно и без поголеми пречки.
Љубов: Доколку ве мачат некои дилеми од минатото, еве го денот кога би можеле да се справите со нивно решавање.
Здравје: Променливо расположение.
БИК
Работа: Првиот работен ден во неделата ги очекуваат многу обврски најтипичните Бикови. Грижете се за заостанатите обврски, а доколку е потребно побарајте помош од луѓето од блиското деловно опкружување.
Љубов: Поволен ден е доколку имате намера да започнете разговор со саканата личност за некои важни идни теми. Добриот пријателски совет исто така ќе ви помогне.
Здравје: Обидете се да избегнувате нагли движења.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Многу добар ден за професионално претприемништво и преземање иницијатива во деловната сфера. Типичен Близнак може да очекува и малку пожестока вербална дискусија со деловен конкурент.
Љубов: Можно е во текот на овој ден да остварите контакт и фина комуникација со сосема нова личност на вашиот љубовен хоризонт.
Здравје: Минлива главоболка.
РАК
Работа: Од почетокот на првиот работен ден во неделата ве очекуваат големи обврски и зголемен обем на работа. Раковите постигнуваат се доколку доволно добро се организираат и побараат минимална помош.
Љубов: Немојте да бидете изненадени од љубовната искра што може да ја заискри денес во деловното опкружување.
Здравје: Многу добро.
ЛАВ
Работа: За најтипичните претставници на знакот Лав денес, можеби е подобро да работат прикриено и на тој начин да избегнат можни ситуации на вербална пресметка.
Љубов: Денот не е поволен за поголеми одлуки и потези, но секако е сосема коректен за флерт, или некој лесен опуштен настан.
Здравје: Контролирајте го кардиоваскуларниот притисок.
ДЕВИЦА
Работа: Држете се до внимателно планираниот редослед на професионални активности и нема за што да се грижите.
Љубов: Не сте во вашиот најдобар љубовен елемент, но тоа не значи дека треба да се предадете на целосната летаргија, позитивното размислување и насмевката никогаш не се излишни.
Здравје: Спијте доволно.
ВАГА
Работа: Наместо да форсирате, можеби денес најдобро би било да се потпрете на личност од доверба и најважните работи да ги оставите во нивни раце.
Љубов: Неодамна стекнатото ново познанство најмногу ви го преокупира вниманието во љубовната сфера, а денес е многу веројатно ново запознавање со друга многу интересна личност.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
ШКОРПИЈА
Работа: Имате реални шанси да направите се што сте зацртале на сосема задоволителен начин само ако добро се организирате, а можна е и ненадејна нова деловна понуда.
Љубов: Доколку сте задоволни од моменталната ситуација, обидете се да ја одржите на сегашното ниво, ако не, ќе има можности во наредниот период.
Здравје: Чувствителност на белите дробови и респираторниот систем.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Со добра организација и распределба на должностите, повеќето Стрелци не треба да се грижат за можно зголемување на обемот на работа.
Љубов: Без разлика колку сте уморни или нерасположени за настани на љубовно поле, секогаш има некоја резервна енергија да ви даде поттик.
Здравје: Освен замор, нема значајни предупредувања.
ЈАРЕЦ
Работа: Потпрете се на сопственото искуство и бидете директни во односите со луѓе кои не се поволни за вас, а само така ќе расчистите некои работи на ваше големо задоволство.
Љубов: Одличен ден е целосно и искрено да се посветите на саканата личност со многу внимание и љубов. Уживајте.
Здравје: Нема причина за грижа.
ВОДОЛИЈА
Работа: Обидете се денес да се справите со зголемениот обем на работа и обврски со подобра организација и прераспределба на обврските по приоритети.
Љубов: Дури и неколку опуштени моменти и време посветено на љубовните настани можат денес да и донесат на Водолијата повеќе позитивни работи и придобивки за идниот период.
Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.
РИБА
Работа: Иако ве очекува зголемен обем на работа, не паничете, за да избегнете можни грешки во серија. Успешно ќе ги завршите сите ваши обврски.
Љубов: Убавите настани во сферата на љубовта се потенцијална причина да се занесете и да се исклучите од вистинските настани бар за момент. Уживајте.
Здравје: Можна несоница.