Кога ќе престанете да очекувате луѓето да бидат совршени, ќе можете да ги сакате такви какви што се.

Работа: Добивате поддршка од блиските членови на семејството во однос на работата што ја планирате. Во периодот пред вас може да очекувате позитивни движења. Подготвени сте да преземете одредени ризици, само за да ја достигнете целта. Ќе ја имате целосната поддршка од планетите.

Љубов: Вашата сакана се подготви пријатно да ве изненади! Од неа можете да очекувате многу убави вести. Ќе бидете радосни и исполнети со љубов во текот на целиот ден.

Здравје: Размислете за промена на исхраната. Можно е да мора да промените некои навики од корен. Сега е време да го направите тоа.

БИК
Работа:
Не наседнувајте на провокации на злонамерни луѓе. Потрудете се свесно да се соочите со пречките кои ги имате на ова поле и директно да се спротивставите на оние кои се против вас. Имате доволно аргументи за другите да ве слушнат и да сфатат дека сте во право.

Љубов: Неповолен ден за сите оние кои можеби ќе имаат тајна врска. Постои одреден ризик да бидете разоткриени или да се прошират некакви озборувања кои воопшто не ви се во прилог.

Здравје: Нема промени на ова поле. Можете да сметате на прилично мирен ден, без некои поголеми проблеми.

БЛИЗНАЦИ
Работа: Помирете се со фактот дека овој пат не сте во право за позицијата за која се залагате. Подобро би било веднаш реално да ја погледнете ситуацијата, отколку да влезете во конфликти иако не сте во право. Сега не е време за противење, бидејќи нема да имате поддршка. Напротив, може да предизвикате само конфликти.

Љубов: Не бегајте од искрен разговор со саканата личност. Може да сметате на важни решенија доколку се обврзете да најдете компромис за прашањата што ве мачат.

Здравје: Главоболката ви прави проблеми во текот на денот. Обидете се да најдете начин да се опуштите.

РАК
Работа: Немате повеќе страв, немате дилеми, немате влакна на јазикот… Како резултат на тоа, можеби ќе бидете склони да давате коментари кои нема да ги задоволат сите уши. Внимавајте да не претерате. Подоцна може да зажалите за вашата избрзаност, бидејќи сте го загрозиле вашиот деловен статус, како и вашиот статус на соработка.

Љубов: Се наоѓате во многу неизвесна ситуација кога е љубовта во прашање. Очекувате таа разрешница да се случи наскоро и дека исходот е близок… Сепак, вашите очекувања нема да се исполнат.

Здравје: Можни се проблеми со грчеви во нозете. Зголемете го внесот на магнезиум.

ЛАВ
Работа: Нема да реагирате добро кога треба да се соочите со критиките што треба да ви ги упатат претпоставените. Многу сте суетни и ви е тешко да признаете дека правите грешка. Немојте само да ја влошувате ситуацијата во која веќе се наоѓате поради вашите грешки.

Љубов: Во текот на денешниот ден ќе имате можност да остварите ново и многу интересно познанство со некој кој би можел да биде многу постар од вас. Ви се допаѓа нејзината заштитна енергија.

Здравје: Може да ви пречат проблеми поврзани со крвниот притисок, осцилациите се малку повисоки отколку што треба… Консултирајте се со кардиолог.

ДЕВИЦА
Работа:
Може да влезете во директно ривалство со личност која има интерес да ја преземе вашата позиција. Нема да дозволите некој што не го заслужува тоа така лесно да оди напред. Со право треба да покажете колку сте подобри, поуспешни во таа област.

Љубов: Обидете се малку да се опуштите. Можно е да преувеличувате некои реакции, да имате тенденција да ги преувеличувате проблемите и зборовите на партнерот. Сепак, бидете малку посмирени. Ќе ви биде полесно.

Здравје: Можни се проблеми поради внатрешни немири и емоционална нестабилност. Склони сте на психосоматски реакции.

ВАГА
Работа:
Пријатно сте изненадени, бидејќи добивте помош од страна која не сте ја ни очекувале. Ви се чини дека среќата конечно го пронашла својот пат и дека ќе бидете успешни!

Љубов: Некои работи ги чувате во себе… Се плашите отворено да го покажете своето незадоволство и да влезете во конфликт, што во суштина создава уште поголемо чувство на вознемиреност во себе. На овој начин станувате понезадоволни, што ќе се одрази и на самата врска.

Здравје: Пазете се од провев кои ве мачат. Не се изложувајте на ладен воздух. Можна е настинка, а вашите синуси може да бидат изложени на ризик.

ШКОРПИЈА
Работа:
Коментарите што ги добивате на вашата сметка можат само да ве поттикнат на избрзани реакции и конфликти. Обидете се да го зауздите вашиот огнен темперамент колку што можете повеќе. Можеби не се сите злонамерни, па дури и целосно оправдани. Размислете за вашите постапки.

Љубов: Поволен ден е доколку планирате заеднички бизнис со брачниот другар или ако имате некаков заеднички интерес. Можете да сметате на успех преку љубовта. Партнерот има добра интуиција.

Здравје: Нагласени се проблемите со синусите, чувствителноста во пределот на главата и челото. Загрејте го челото, горниот дел од главата.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
За да ги решите сите проблеми кои ве мачат потребна ви е поддршка од некоја личност од колективот… Не ви е лесно целосно да се согласите со таа личност, па сте под голема тензија. Не создавајте тензија однапред, можеби сè ќе помине полесно отколку што очекувавте, ќе бидете задоволни.

Љубов: Ве очекува успех на љубовно поле! Доколку планирате да ги покажете своите емоции на личноста која ви се допаѓа, денес е идеалниот ден за тоа! Нема да зажалите!

Здравје: Можни се проблеми со вените, како и проблеми поврзани со слаба циркулација. Потребен е совет од интернист.

ЈАРЕЦ
Работа:
Пред се треба да поработите на самодовербата доколку сакате да напредувате. Сè зависи само од вас и од односот што го заземате кон себе, работата и околностите. Досега постојано се повлекувавте, додека помалку вредните дојдоа до израз.

Љубов: Ќе следи помирување и подобрување на односот со партнерот. Ќе успеете да ги решите старите спорови и да најдете заеднички јазик. Ве очекуваат многу пријатни моменти.

Здравје: Можни се проблеми со чувствителната тироидна жлезда, како и со пределот на вратот воопшто. Вкочанетоста на цервикалниот ‘рбет бара посебни вежби.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Задоволни сте од подобрувањето на полето на финансиите кое следеше. Прилично сте позитивно изненадени од развојот на настаните. Обидете се да продолжите да одите во позитивна насока!

Љубов: Внимавајте да не се занесете со очекувања. Иако сте сакале нешто сериозно, личноста до вас во моментов ги нема истите намери. Обидете се да се помирите со тоа. Размислете дали сè уште сакате да губите време со неа, знаејќи дека ништо значајно нема да се промени во односот на партнерот кон вас.

Здравје: Нагласени се проблемите со дигестивниот тракт.

РИБИ
Работа:
Има многу кои имаат одредена доза на љубомора и завист кон вас. Внимавајте дополнително да не го зголемувате нивното непријателство кон вас. Контролирајте ги вашите изјави!

Љубов: Не е поволен ден за вашите емоции. Не очекувајте премногу промени на ова поле денес. Обидете се да се посветите на некои други приоритети – семејството, пријателите… Сега не е време да менувате нешто на ова поле.

Здравје: Чувствителни сте и подложни на разни здравствени проблеми. Мирувајте колку што е можно повеќе. Опуштете се со добра книга, филм.

By Author