„Мудрите говорат кога имаат што да кажат. Глупавите зборуваат бидејќи мораат нешто да кажат“-Аристотел.
ОВЕН
Работа: Овенот енергично ќе ја започне новата работна недела. Она на што треба да внимавате е комуникацијата со колегите, бидејќи некои ситуации нема да ви бидат многу јасни.
Љубов: Можно е денес да ви пристигнуваат љубовни вибрации од личност од блиско деловно опкружување, па бидете подготвени да одговорите адекватно.
Здравје: Склони кон инфекции.
БИК
Работа: Почетокот на новата работна недела се очекува да биде многу динамичен и натоварен со обврски за повеќето типични Бикови. Нема причина за поголема загриженост.
Љубов: Обидете се да ги решите евентуалните недоразбирања на компромисен начин, не инсистирајте тврдоглаво се да б.иде по ваше
Здравје: Многу добро.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Во текот на оваа недела може да се појави пречка во вашите договори, размислете како да ја решите. Не делувајте брзо и импулсивно, туку со логика и ладна глава
Љубов: На љубовен план ве очекува променливо расположение, немојте да бидете иницијатори за потенцијални недоразбирања.
Здравје: Психофизички стрес.
РАК
Работа: Многу е можно на самиот почеток да ви се појават некои ситници кои не сте ги завршиле или сте ги заборавиле во претходниот период, па затоа треба со нив да се позанимавате прво пред се.
Љубов: Поволен ден е да излезете на виделина со некои дилеми и сомнежи и конечно да им ставите крај.
Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.
ЛАВ
Работа: Лавовите ги очекува многу добар и силен почеток на новата работна недела, со предупредување да бидат трпеливи доколку се не оди со темпото што го очекуваат.
Љубов: Можно ново познанство и можност за опуштен и пријатен разговор, флертување, бидете расположени и уживајте.
Здравје: Чувствителност на долниот дел на грбот.
ДЕВИЦА
Работа: Оваа недела за Девиците во деловната сфера може да има многу брзање и тензии, но тоа не значи дека ве очекуваат некои лоши настани.
Љубов: Доколку обврските дозволуваат, не би било лошо одредени моменти да и посветите на саканата личност.
Здравје: Многу добро.
ВАГА
Работа: Вагите ги очекува многу нервоза на самиот почеток на новата работна недела, па ќе ви треба доволно флексибилност за успешно да надминете некои пречки во комуникацијата.
Љубов: Овој понеделник нема поголеми промени на вашиот љубовен хоризонт.
Здравје: Сосема задоволително.
ШКОРПИЈА
Работа: Оваа недела особено фокусирајте се на односите со соработниците и претпоставените, бидејќи може да дојде до некои промени и неочекувани ситуации.
Љубов: Инициравте некои позитивни случувања и треба да продолжите да го правите тоа. Уживајте.
Здравје: Многу добро.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Во текот на оваа недела очекувајте да ви паднат голем број обврски одеднаш. Ќе имате проблем да се организирате, па обидете се да ги решавате работите една по една.
Љубов: Без значајни настани на вашиот љубовен хоризонт во текот на овој ден, како да сте заспале.
Здравје: Сосема задоволително.
ЈАРЕЦ
Работа: Напорен работен ден со многу предизвици на полето на професионалните активности им претстои на Јарците. Ќе имате доволно енергија и ентузијазам, важно е само правилно да ја распределите.
Љубов: На овој ден би можеле да размислите за дружење со пријателите или за излегување.
Здравје: Потребна ви е поголема физичка активност.
ВОДОЛИЈА
Работа: Денеска на водолиите им претстои многу работа, ќе има премногу обврски, ќе бркате рокови, ќе преговарате и ќе се карате. Но, вие успевате да постигнете сè.
Љубов: Не би било добро напнатоста и нервозата да ги префрлите во љубовната сфера, за да не ја комплицирате непотребно ситуацијата.
Здравје: Многу добро, пишува Астропутник.
РИБИ
Работа: Оваа недела може да донесе нервоза и напнатост кај Рибите, па ќе ви треба многу труд за да се разберете со некои колеги на вистински начин.
Љубов: Астролошките аспекти се поволни за секакви љубовни активности. Треба да ги искористите и да уживате во секој момент.
Здравје: Многу добро.