И најмалата невистина го труе човекот, како што една капка отров го труе целото море.

ОВЕН
Работа:
Многу квалитетен крај на работната недела е пред Овенот, особено ако влезете во нова деловна соработка. Ве очекува доброто расположение на соработниците и подготвеноста да ви помогнат.

Љубов: Не е исклучена ненадејна средба или повик од стара симпатија или стара љубов, па еве можност да разбудите убави спомени.

Здравје: Пазете се од семејни кавги за да го зачувате внатрешниот мир

БИК
Работа:
За Биковите претстои многу добар, но донекаде напорен ден. Нема причина да се грижите бидејќи очекувате поддршка од луѓе кои се авторитетни, а не е исклучена и нова деловна понуда.

Љубов: Ако сакате да си дадете чувство на задоволство, бидете исклучително нежни со саканата личност. Внесете неколку новини, ќе уживате во промената.

Здравје: Одлично.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Одличен ден за започнување нови проекти или соработки, особено за оние членови кои се врзани во странство.

Љубов: Минувачки флерт, ново познанство, дополнително може да ви го подобри расположението во текот на овој ден.

Здравје: Можни метеоропатски реакции.

РАК
Работа:
Не брзајте денес, нема потреба, се ќе завршите без проблем. Би било добро да се зафатите и со нови планови или проекти.

Љубов: Имате можност да ги покажете вашите искрени и најубави чувства на вашата најдрага личност. Уживајте.

Здравје: Повеќе физичка активност.

ЛАВ
Работа:
Лавовите денес можат да направат големи потези кога станува збор за конкретни зделки. Само напред.

Љубов: Немојте да бидете изненадени од повик од личност од вашето љубовно минато, па доколку не сте расчистиле некои работи, еве ви шанса да го направите тоа.

Здравје: Многу добро.

ДЕВИЦА
Работа:
Можно е да започнете некаква соработка со личност со која некогаш добро сте соработувале во минатото.

Љубов: Изминативе денови имавте сигнали на незадоволство од другата страна, еве ден кога целосно ќе се отворат повеќе љубовни карти.

Здравје: Би уживале во физичка активност.

ВАГА
Работа:
Потенцијално нема поголеми пречки на деловен план за Вагите, поработете малку на подобра организација и попрецизни договори со колегите.

Љубов: Би можеле да поминете многу квалитетно време во заеднички акции и дружење со личноста која ви се допаѓа.

Здравје: Освен напнатост, нема значајни предупредувања.

ШКОРПИЈА
Работа:
Шкорпиите ќе успеат со леснотија да ги надминат сите деловни пречки во овој последен работен ден од неделата.

Љубов: На љубовен план ве очекува прилично мирен и опуштен ден, што е добра основа за уживање во атмосферата која најмногу ви одговара.

Здравје: Многу добро.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Овој петок ве очекуваат многу повици и разговори, пред се поврзани со некои технички детали и промени во организацијата. Ќе успеете да решите се без поголеми проблеми.

Љубов: Обидете се да го ублажите незадоволството на другата страна со отворен разговор и позитивно размислување.

Здравје: Можна главоболка.

ЈАРЕЦ
Работа:
Повеќето Јарци ги чека задоволство од успешно завршените професионални обврски и голем психофизички замор од се.

Љубов: Бидете внимателни во искажувањето критики, за да не ги комплицирате работите дополнително.

Здравје: Потребен ви е баланс помеѓу одмор и обврски.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Претстои многу добар и успешен работен ден за Водолиите. Работите ги решавате во лет и со голема брзина, што многумина можеби нема да можат да ги следат.

Љубов: Со малку повеќе труд и пред се посветеност имате многу солидни шанси денес да бидете презадоволни.

Здравје: Одлично.

РИБИ
Работа:
Со многу ментален труд ќе успеете да се носите со сите предизвици на вашиот професионален пат денес. Обидете се да завршите сè што е заостанато.

Љубов: Можни се пресврти на љубовен план, под услов да имате реален поглед на ситуацијата и да ги расчистите вашите сомнежи.

Здравје: Можни проблеми со варењето.

By Author