Победник е оној кој повеќе верува во победа!

ОВЕН
Работа:
Иако ќе ви се чини дека под ваша контрола ги имате сите ситуации поврзани со преговорите, особено внимавајте на деталите, проверувајте повеќе од еднаш доколку е потребно и не бидете импулсивни во донесувањето одлуки.

Љубов: Поканете ги пријателите и роднините да се дружите, ќе бидете задоволни од блискиот круг на позитивни луѓе. Уживајте.

Здравје: Можни алергиски реакции на кожата.

БИК
Работа:
Иако овој петок ве очекуваат многу договори, разни одговори и преписки, се е под контрола.

Љубов: Сосема коректен ден треба да се искористи за зближување, и подигање на врската на повисоко ниво.

Здравје: Многу добро.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
И овој петок нема пречки за повеќето типични Близнаци. Некои од вас може да очекуваат и поволни исходи од договорот што го започнавте одамна.

Љубов: Бидете отворени, опуштени, разговарајте, посветете се со посебно внимание и разбирање на личноста за која се грижите.

Здравје: Внимавајте на крвниот притисок.

РАК
Работа:
Раковите лесно ќе го завршат овој работен ден и ќе почнат да се подготвуваат за викендот.

Љубов: Се подразбира дека во вашите планови ќе ја вклучите и саканата личност. Сè е многу полесно и поубаво заедно.

Здравје: Спијте доволно.

ЛАВ
Работа:
Можете да си дозволите порелаксиран работен ден, особено што е петок. Завршете ги сите започнати задачи.

Љубов: Неопходно е нешто специфично да се промени, за да ја прекинете воспоставената рутина и да бидете позадоволни. Започнете ја иницијативата, промените.

Здравје: Спијте доволно.

ДЕВИЦА
Работа:
Допрва следи добар период, а на вас останува да завршите се што ќе остане, доколку го има, особено во врска со документацијата. Не е на одмет да ги провериме сите детали уште еднаш.

Љубов: Не дозволувајте сите ваши љубовни активности денес да се сведуваат само на приказна.

Здравје: Можна несоница.

ВАГА
Работа:
Лошото расположение и прилично променливото ниво на енергија ги предупредуваат најтипичните претставници на Вага да не форсираат ништо денес. Завршете ги итните задачи.

Љубов: Не брзајте, внимателно измерете и размислете да направите барем еден директен чекор кон подобрување на моменталната љубовна ситуација.

Здравје: Можни алергиски реакции.

ШКОРПИЈА
Работа:
Иако иденес ќе ве прати ритамот тргни и запри, тоа не треба да влијае на вашата подготвеност и мотивација да ја достигнете посакуваната цел.

Љубов: Уште еден убав ден во прогнозата е пред вас на љубовен план. Справете се со заеднички планови за идниот период, патување, одмор. Уживајте

Здравје: Пазете се од настинки, респираторни инфекции.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
На полето на комуникација и склучување нови деловни зделки, Стрелците денеска ги очекуваат одлични можности. Само напред.

Љубов: Размислете за заеднички постапки со саканата личност. Потребен ви е заеднички одмор, малку патување, уживање.

Здравје: Можни метеоропатски реакции, главоболка.

ЈАРЕЦ
Работа:
Вредниот и посветен професионален ангажман во претходниот период дебело ќе се исплати во иднина. Бидете доследни и упорни во вашите намери.

Љубов: Потрудете се со отворено срце да го решите сето она што може да ве мачи во заедничкиот живот.

Здравје: Внимавајте на редовна и правилна исхрана.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Иако може да има одредени забавувања и повторување на потезите пред се поради обврските наметнати од претпоставените, Водолиите не треба премногу да се грижат. Чувајте ги вашите нерви.

Љубов: Можеби работните обврски ќе ви одземат многу енергија и ќе ви остават малку време да се посветите на љубовната сфера. Сепак, викендот е пред вас и работите ќе се поправат.

Здравје: Намален имунитет.

РИБИ
Работа:
Проверете ги договорите и документите неколку пати, може да има скриени пропусти во некои ситни детали.

Љубов: Не дозволувајте луѓе со лоша енергија да се држат до вас, можно е да ставите крај на долгогодишното пријателство.

Здравје: Добро би ви дошла физичка активност.

By Author