Никогаш не е доцна – никогаш не е доцна за почеток, никогаш не е доцна за да бидеш среќен.
ОВЕН
Работа: Планирате да ги заштитите вашите деловни интереси по секоја цена. Нема некој што ќе му дозволите да ви застане на патот. Ви се враќаат борбеноста и воинската енергија, спремни сте на се!
Љубов: Полека почнувате да се оладувате од партнерот. Можно е вашата врска постепено да привршува, но ниту еден од вас се уште не е подготвен отворено да го признае тоа. Потребен е отворен разговор за да си го кажете она што долго време го премолчувавте.
Здравје: Можни проблеми со нервите и кичмата. Пазете се од можни повреди во таа област.
БИК
Работа: Денеска може да имате многу среќа. Слободно преземете некои помали ризици, ќе имате корист од тоа. Ве очекува позитивен ден во кој ќе можете да постигнете многу.
Љубов: Јавно ќе ја покажете љубовта и на тој начин ќе го убедите партнерот дека имате сериозни намери. Околината убаво реагира на вашата врска и вие сте се посигурни во изборот што го направивте овој пат. Слободните бикови се чувствуваат удобно со нивната моментална слобода, никој досега не ги интересирал.
Здравје: Денеска се чувствувате добро и се ви оди добро! Ширете позитивна енергија каде и да сте! Организирате излегување со пријателите.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Ве мачат финансиски проблеми. Прилично сте фрустрирани и ви е тешко да се соберете. Не ти е гајле ни за работата, ни ништо, се прашуваш зошто толку многу труд сте вложиле. Верувајте ми, на крајот ќе добиете вистинско задоволство во вид на подобри финансии.
Љубов: Станувате многу љубоморни и сомничави кон саканата личност. Тешко ви е да игнорирате некои од сигналите што ги добивате, а вашата интуиција досега беше непогрешлива…
Здравје: Можни се проблеми со нозете и зглобовите. Бидете внимателни со физичката активност. Обратете внимание на сообраќајот.
РАК
Бизнис: Имате целосна доверба во вашиот деловен партнер и верувате дека неговата стратегија ве води кон заеднички успех. Овој пат не згрешивте во оценувањето, успехот го постигнувате со заеднички сили. Препуштете му ја иницијативата нему при склучувањето деловни договори.
Љубов: Можете да очекувате можност да го стабилизирате односот со саканата личност. И двајцата ќе се потрудите. Доколку сте во брак, ќе имате многу убав ден со партнерот, ќе уживате во заедничките моменти.
Здравје: Немате проблеми, освен помала вкочанетост. Би уживале во масажа, но и краток престој во некој од спа центрите.
ЛАВ
Работа: Обидете се да се фокусирате на мали и конкретни работи. Сега нема да имате ништо од преголеми очекувања или мегаломанско планирање, освен евентуално разочарување. Подобро врапче во рака отколку гулаб на гранка.
Љубов: Не сте фокусирани на љубовните работи, бидејќи сте зафатени со работа. Можно е да сонувате за некој голем успех и да не ја гледате личноста која ви се додворува поради вашата амбиција. Оддалечете се, бидејќи ќе пропуштите можност, која ретко ви се нуди.
Здравје: Тежок ден, можни се здравствени проблеми. Не форсирајте се премногу, за да не имате поголеми здравствени проблеми.
ДЕВИЦА
Работа: Обидете се да не си создавате непотребна напнатост. Ако се поставите на вистински начин, можете да очекувате мала промена која ќе биде многу значајна за вас. Во иднина бидете внимателни во преговорите, било да е тоа со претпоставените, деловните партнери, соработниците. Избегнувајте го надмениот став.
Љубов: Многу поволен ден за почеток на нова врска! Донесувате одлуки засновани на страст, тоа е она што најмногу ве приближува до новиот партнер. Помеѓу вас двајца сè пука од искри!
Здравје: Освен нервоза, немате здравствени проблеми. Најдете некаква форма на релаксација, сега би ви помогнала едноставна прошетка.
ВАГА
Работа: Може да очекувате подобрување на полето на приватната работа. Постепено доаѓате до постабилни финансии, што секако е многу важно. Имате надеж дека иднината ќе биде сигурна. Ќе добиете понуда која нема да можете да ја одбиете.
Љубов: Задоволни сте од ситуацијата што ја имате сега со саканата личност и не планирате никакви промени. Покажете ѝ колку се грижите и заедно ќе се стопите во романса!
Здравје: Хроничните заболувања се враќаат, внимавајте малку повеќе на себе. Има пад на имунитетот, не внесувате доволно витамини и минерали. Направете детоксикација на вашето тело.
ШКОРПИЈА
Работа: Ова е последен момент за да завршите некоја многу важна работа! Не ги игнорирајте предупредувањата што ги добивате. Под будното око сте на претпоставените, но и на нивните послушници, кои едвај чекаат да ви го видат грбот. Ако го дадете најдоброто од себе – ќе ви се исплати!
Љубов: Ве очекува интересна комуникација со личност која ви се допаѓа, но постои можност да не напредувате конкретно. Задоволни сте и со ова. Времето работи за вас и вие го знаете тоа.
Здравје: Бидете активни и трошете ја енергијата конструктивно! Организирајте го вашето време на вистински начин.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Оптоварени сте со пари, тие се главната кочница што ве спречува да го реализирате бизнис планот што го имате. Ви треба нечија помош и поддршка, но не знаете на кого да се потпрете. Доколку немате финансиска сигурност, не можете да бидете задоволни.
Љубов: Забележавте дека вашиот партнер некако се лади и повеќе не се интересира за вас во иста мера како порано. Полека ве зафаќа страв и несигурност, сакате да останете во врска со него.
Здравје: Склони сте кон прејадување, избегнувајте ја таа навика доколку не сакате дигестивни проблеми. Внимавајте на исхраната, избегнувајте масна, зачинета храна.
ЈАРЕЦ
Работа: Имате недостаток на концентрација во моментов. Можно е да се наоѓате во прилично хаотична работна средина каде што многу луѓе се мешаат во она што го правите. Вие сте на работ. Контролирајте се и сконцентрирајте се, за да не пропуштите некои работи и поради тоа подоцна да имате сериозни проблеми.
Љубов: Треба да му се отворите на партнерот и да му ја покажете вашата емотивна и нежна страна. Тој ден конечно дојде! Позитивно е изненаден од промената и благодарен за искреноста.
Здравје: Можни се несвестици и проблеми поради малаксаност. Одморете се доволно.
ВОДОЛИЈА
Работа: Имате многу добри и креативни идеи кои можете да ги спроведете денес. Не дозволувајте некој да ви ги наруши плановите. Ваше е да бидете доволно активни и да се потрудите.
Љубов: Влеговте во некаква комуникација со зафатена личност, но не сте сигурни каде тоа води… Пред да направите нешто избрзано, запрашајте се дали вреди да се вложи труд. Не сте личност која би била задоволна доколку е во втор план. Не започнувајте врска која ќе ве натера да се чувствувате лошо.
Здравје: Страдате од несоница, а кога навистина ќе заспиете можни се кошмари. Ве очекува тешка ноќ. Најдобро е да пиете аналгетик.
РИБИ
Работа: Добивате поддршка од блиските соработници и на тој начин решавате проблем кој ве мачи веќе некое време. Задоволни сте, бидејќи конечно е на повидок важна промена на работа, но и затоа што сега знаете на кого можете да се потпрете.
Љубов: Не ви е лесно отворено да ги покажете емоциите кон саканата личност. Едноставно немате доволно време да и посветите, иако горите од желба да бидете покрај неа. Размислете што ви е приоритет.
Здравје: Стапалата ви се чувствителни, можни се и помали проблеми со циркулацијата во нозете. Контактирајте интернист.