Човекот без фантазија нема крилја.
ОВЕН
Работа: Иако енергијата нема да биде спорна, сепак ќе имате многу напорен ден со многу документи, административни проблеми, а нема да ви помине многу мазно ниту со соработниците и претпоставените. Сметајте на која било техничка пречка, дефект.
Љубов: На љубовен план ве очекува сосема поинаква слика, каде што се очекува да бидете активни бидејќи има многу нови можности да ве запознаат, па еве можност да уживате барем во добар флерт за почеток.
Здравје: Одлично.
БИК
Работа: Во принцип, можете да се носите со обврските, но очекувајте трансфери и пренатрупаност од некои застарени колеги.
Љубов: Нема причина денес да не бидете нежно внимателни кон саканата личност. Ви треба релаксација.
Здравје: Многу добро.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Нема одмор кога се во прашање обврските со Близнаците. Важно е да знаете кои се вашите приоритети и да ги доведете работите до крај без многу нервози.
Љубов: Освен можност за мало, случајно флертување и неврзан муабет, денес главно без поголеми љубовни предизвици.
Здравје: Спијте доволно.
РАК
Работа: Раковите може да очекуваат многу добра комуникација и позитивни договори во текот на овој ден. Позитивниот пристап кон соработниците ве става во преден план.
Љубов: Не оптоварувајте се себеси или вашата сакана со небитни детали и ситници, особено со некој од минатото. Променете нешто во вашиот настап, бидете малку покреативни.
Здравје: Можна главоболка.
ЛАВ
Работа: Нема поголеми пречки на патот на Лавот овој петок. Треба да ги завршите сите обврски кон институциите доколку има неисполнети. Не одложувајте ништо за да избегнете да платите казна.
Љубов: Бидете активни, дружете се и излегувајте, има многу одлични можности и за нови познанства и за стари љубители.
Здравје: Одлично.
ДЕВИЦА
Работа: На Девиците им претстои прилично напорен работен ден, а она што најмногу може да ви одземе време и нерви се документите и некои неподмирени ситни обврски од претходниот период.
Љубов: Деловните обврски можат да ви создадат нервоза денес, па не би било добро да ја префрлите во љубовната сфера. Може да наидете на недоразбирање од другата страна.
Здравје: Обидете се да избегнувате нагли движења.
ВАГА
Работа: Денеска би можеле да очекувате малку поголема поддршка од колегите, која добро ќе ви дојде, бидејќи различните информации и комуникации прилично ќе ве заморат. Можни се технички проблеми.
Љубов: Изненадете ја вашата сакана со состанок, одете на омиленото место и уживајте во времето. Пасивноста воопшто не се препорачува.
Здравје: Одлично.
ШКОРПИЈА
Работа: Претстои прилично напорен ден за Шкорпиите, кои денес без важна причина би можеле да бидат мета на критики од претпоставените. Држете ја главата горе и издигнете се над љубоморните и злонамерните коментари.
Љубов: Направете рамнотежа меѓу обврските и љубовната сфера, со цел да го доведете во ред постоечкиот партнерски однос и да избегнете посериозни прашања.
Здравје: Нервоза, можна несоница.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Еве го денот кога Стрелците ќе се одморат и релаксираат, а дел од обврските ќе префрлат на остатокот од тимот. Сепак, контролирајте ја ситуацијата.
Љубов: Доколку сте расположени за флерт, ќе имате одлична можност да уживате во тоа со многу интересна личност која долго време не сте ја виделе.
Здравје: Одлично.
ЈАРЕЦ
Работа: Важно е да не форсирате ништо и да не се ставате себеси на прво место. Можни се проблеми од техничка природа, па дел од обврските ќе мора да префрлите за друг ден.
Љубов: Денес би можеле да бидете повеќе наклонети кон некое семејно дружење, дружења со роднините, во кои секако ќе уживате.
Здравје: Многу добро.
ВОДОЛИЈА
Работа: Многу добра комуникација, особено на полето на претходно склучените договори, им претстои на Водолијата. Од вас се очекува да продолжите со полна пареа во некои нови проекти.
Љубов: Посветете и повеќе внимание и убави моменти на саканата личност, зауздајте ја нетрпеливоста и не донесувајте избрзани одлуки.
Здравје: Можна главоболка.
РИБИ
Работа: Претстои одличен ден за Рибите, особено на финансиски план, каде би можеле да очекувате одредено материјално задоволство за претходно вложениот труд и работа.
Љубов: Би можеле да ја изненадите вашата сакана со подарок или друг убав знак на внимание. Уживајте во взаемното внимание и разбирање.
Здравје: Одлично.