Треба да знаете да си поставите граници на сопствената амбиција, лудост е да го сакате она што не можете да го имате!
ОВЕН
Работете: На мускули но успешно доведете ја оваа работна недела до крај. На повеќето Овни им е очајна потребата од одмор, затоа држете се таму денес.
Љубов: Ве очекува променлив ден на љубовен план. Можни се сериозни разговори со саканата личност кои некако треба да се избегнат.
Здравје: Пазете се од физички повреди.
БИК
Работа: Крајот на работната недела Биковите го дочекуваат главно со слично расположение како и претходните денови. Со свое темпо, но со посигурна варијанта, ќе ги реализирате сите деловни цели.
Љубов: Обидете се да ја разберете и поправите целата атмосфера во љубовната сфера покажувајќи доволно разбирање.
Здравје: Многу добро.
БЛИЗНАЦИТЕ
Работа: Доколку првенствено се занимавате со завршување на претходно започнатите деловни проекти, тогаш ќе имате солиден крај на оваа работна недела.
Љубов: Сè што очекувавте претходните денови, а не се оствари во љубовната сфера, денес би можело да се оствари со малку среќа.
Здравје: Многу добро.
РАК
Работа: Прилично успешен работен ден, пред повеќето Ракови. Размислете внимателно за предлозите за нови деловни проекти.
Љубов: На прв поглед работите на полето на љубовните врски одат во правец кој целосно ви одговара. Доколку не е така, тогаш до вас е.
Здравје: Одлично.
ЛАВ
Работа: Речиси цел работен ден Лавовите ги очекуваат препреки од организациски карактер. Не брзајте и ако е можно, консултирајте се со некој друг што го разбира проблемот.
Љубов. Овој петок барем во најава не носи поголеми случувања во љубовната сфера.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
ДЕВИЦА
Работа: Повеќето Девици ќе имаат солиден работен ден, под услов да се придржуваат до основните принципи, да бидат конкретни, детални и концизни. Пополнете ја документацијата.
Љубов: Иако веројатно нема да биде нешто капитално, бидете со отворени срца и ум, можно е барем во пократки временски интервали да уживате во флерт, неврзан разговор.
Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.
ВАГА
Работа: Вагите во текот на овој работен ден ќе одвојат многу време и енергија за да ги проверат и анализираат новите предлози за идни професионални активности.
Љубов: Колку и да сте во право или колку сте реални, тие денес нема да ви бидат од голема корист.
Здравје: Потребна ви е физичка активност.
ШКОРПИЈА
Работа: Астролошките аспекти укажуваат на солиден крај на работната недела за најтипичните претставници на овој знак. Почнавте нешто во вистинската насока.
Љубов: На љубовен план ве очекува прилично мирен и опуштен ден, што е добра основа за уживање во атмосферата која најмногу ви одговара.
Здравје: Можни алергиски реакции.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Не е поволен ден за Стрелецот да започне некакви нови професионални проекти. Завршете ги старите, особено се што е поврзано со документација и формалности.
Љубов: Денес ситници и неважни детали поврзани со однесувањето на саканата личност можат да ве полудат. Бидете внимателни со критиките.
Здравје: Освен замор, нема значајни предупредувања.
ЈАРЕЦ
Работа: Поволни околности ќе ги придружуваат Јарците овој петок, па затоа се препорачува првенствено да ги доведат до крај активностите што ги започнале, а во наредните денови ќе има време за нови иницијативи.
Љубов: Денеска ве очекува претежно стабилна љубовна атмосфера, опуштете се и не размислувајте многу.
Здравје: Чувствителност на респираторниот систем.
ВОДОЛИЈА
Работа: Слично како и претходните денови, на крајот од работната недела, најтипичните претставници на Водолијата ги држат најважните деловни нишки во раце и успешно ги завршуваат и најпребирливите задачи.
Љубов: Може да поминете убави моменти дружејќи се со драги пријатели или да изненадите драга личност со заедничко излегување.
Здравје: Многу добро.
РИБА
Работа: Нема сериозни предизвици и пречки на професионален план со Рибите. Денеска може да ви се одземе многу време од обврските кон колегите од вашето блиско опкружување.
Љубов: Ќе ви треба дел од вашето време и енергија за барем еден убав состанок и настан во љубовната сфера, кој може да се претвори во нешто позначајно.
Здравје: Проблеми со дишните патишта.