Не се лутете кога сте лути, не давајте ветувања кога сте среќни и не донесувајте одлуки кога сте тажни

ОВЕН
Работа:
Негативниот аспект внесува тензија во деловните односи во текот на овој период. Негативната енергија може да се манифестира во форма на блокирање на бизнисот поради вонредни околности, а тоа може да важи особено за оние кои се занимаваат со трговија и угостителство.

Љубов: Неповолен аспект ви носи незадоволство од однесувањето на партнерот. Тоа е како да си игра игра со вас, а тоа е нешто што не го толерирате. Можеби се чувствувате погрешно разбрани, но потребно е да ги отстраните сите нејаснотии во вашата врска пред да донесете одлука.

Здравје: Пазете се од вируси. Инфекциите сега се речиси неизбежни.

БИК
Работа:
Негативен аспект може да ви донесе влошување на односите со колегите и претпоставените. Ситуацијата ќе бара од вас да исправите некоја неправда што ви ја направил некој од вашите соработници. Овој ден означува почеток на некоја нова соработка и нова деловна понуда за невработените.

Љубов: Неповолен аспект може да навести турбулентен период во вашата врска со партнерот. Постои можност да се сомневате во верноста на партнерот и сето тоа да резултира со жестока расправија. Слободните бикови чекаат ново поглавје со една фатална Шкорпија.

Здравје: Намалете го алкохолот и газираните пијалоци. Останете помалку во затворени простории.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Негативен аспект може да се одрази на влошување на односите со претпоставените или непредвиден прилив на пари. Вашиот бизнис може да биде привремено блокиран. На невработените Близнаци некој може да им понуди работа, но зад тоа стои полоша опција. Подгответе резервен план.

Љубов: Овој период носи несогласувања со партнерот. Постои можност вашите зборови да бидат погрешно разбрани. Слободните Близнаци можат да запознаат интересна личност преку социјалните мрежи. Ново љубовно поглавје е пред вас.

Здравје: Недостаток на калциум, фосфор, проверете ја паратироидната жлезда.

РАК
Работа: Деловната соработка со некои соработници во овој период може да се искомплицира, па дури и да прекине. Исто така, може да се случи некој колега да ви вети многу повеќе отколку што може да исполни. Раковите кои се занимаваат со приватен бизнис може да имаат назадување поради вонредни околности.

Љубов: Бурна и страсна авантура со личност која сте ја запознале преку работата го одбележува овој период. Раковите во врска може да поминат низ период на турбуленции со партнерот. Слободните Ракови се на прагот на нова врска со личност од работа.

Здравје: Проблеми со стомакот, консултирајте се со нутриционист.

ЛАВ
Работа: Негативен аспект во вашето приватно деловно поле укажува на слаба алка во овој период. Можни се потешкотии доколку се занимавате со услужна дејност или угостителство. Ќе бидат потребни импровизирани решенија и големо трпение.

Љубов: Неповолен период во семејните односи, бидејќи ќе дојдете во ситуација да исправите некоја неправда на семеен план. Во вашето семејство, може да има проблем со еден член од домаќинството што ќе треба да го решите заедно. Успешно ќе го надминете проблемот.

Здравје: Пазете се од вирусни инфекции, заштитете се максимално.

ДЕВИЦА
Работа:
Главниот предизвик во овој период е внимателно да управувате со вашите пари, бидејќи може да се случи некои средства да бидат блокирани. Вашето работно место и обврски бараат многу повеќе време отколку што сте планирале. Мора да бидете доволно флексибилни и да се фокусирате на деталите.

Љубов: Обновувањето на контактот со личност од минатото ќе го одбележи овој период. Состаноците можат да се случат случајно или преку вашите заеднички пријатели. Зафатените Девици поминуваат низ период на несогласувања со партнерот, а тоа може да се однесува на управувањето со буџетот.

Здравје: Настинка.

ВАГА
Работа:
Негативениот аспект викендов е во вашето поле на завршетоци. Тој става акцент на роковите и планираните деловни резултати. Проблемот се јавува поради непредвидени околности кога може да биде тешко да се постигнат резултати.

Љубов: Слободните Ваги можат да влезат во љубовна врска со личност која не е сингл, а тие да не знаат. Вагите кои се во врска ќе дојдат во ситуација искрено да зборуваат за проблем кој постои одамна во однос на партнерот. Само преку компромис ќе го отстраните проблемот.

Здравје: Сакате сончева енергија, да бидете покрај море.

ШКОРПИЈА
Работа:
Главниот предизвик е да се надмине проблемот во комуникацијата со колегите и партнерите. Постои веројатност да започнете приватен бизнис и да воведете новини во бизнисот. Деловен состанок со претпоставен може да помине лошо. Таму ќе бидат неопходни компромисни решенија

Љубов: Неповолен аспект влијае на вас што доведува до криза на доверба во партнерот. Од друга страна, меѓу вас и партнерот може повторно да се појави стар проблем, но овој пат во екстремна форма.

Здравје: Задржување на водата во организмот.

СТРЕЛЕЦ
Работа: Овој викенд може да ви донесе успех во деловната соработка со странство. Од друга страна, оваа ваша соработка може да се реализира само во еден дел поради вонредни околности, додека другиот дел од работата може да остави се за подоцна. Некои од вашите соработници може да ги променат условите за работа. Подгответе резервен план.

Љубов: Овој викенд носи можност да се зближите со личност која долго време ја познавате преку работата. Тоа може да биде некој од вашите колеги или пријатели. Стрелците кои се во врска минуваат низ период на криза на доверба кај партнерот.

Здравје: Внесувајте повеќе вода во организмот.

ЈАРЕЦ
Работа: Сè укажува на можноста да започнете нешто сосема ново. Сепак, неповолниот аспект се однесува на фактот дека плановите за странство може да се покажат како нереални поради посебен сплет на околности. Проблем за оние кои полагаат.

Љубов: Главниот предизвик на љубовен план е да надминете некоја ситуација во односот со партнерот, што придонесе за несогласување меѓу вас. Можни се несогласувања и расправии. Голема е можноста да ја обновите врската со поранешната љубов.

Здравје: Проблеми со лумбалниот ‘рбет. Бидете внимателни со нагли движења.

ВОДОЛИЈА
Работа: Овој викенд може да ви донесе нагли промени во вашите планови. Потребно е внимателно да управувате со вашите пари, бидејќи може да имате вонредни трошоци. Слично на тоа, меѓучовечките односи на работа можат да бидат оштетени, затоа внимавајте на манипулации и сплетки зад грб.

Љубов: Негативниот аспект внесува тензија во вашата комуникација со партнерот. Можеби сте понервозни и раздразливи од вообичаено, а исто така изгледате недостапни за вашиот партнер кој потоа може да почне да се сомнева во вас. Можни се дискусии.

Здравје: Движете се повеќе. Дружете се со најблиските, кои носат позитивизам.

РИБИ
Работа: Клучот за успехот е повеќе да се потпрете на членовите на тимот со кои ќе ги исполните поставените рокови. Вашата соработка со странство може да оди добро, но еден дел може да биде блокиран поради вонредни околности. Финансиската состојба се подобрува.

Љубов: Слободните Риби можат да запознаат атрактивна личност преку социјалните мрежи или преку работа. Ново поглавје во љубовната сцена ве очекува со личност под знакот Рак или Шкорпија. Зафатените Риби ги очекува нестабилен период на криза на доверба кај партнерот.

Здравје: Рапави сте, можен е ларингитис.

By Author