Внимавајте на својот карактер; тој станува ваша судбина.

ОВЕН
Добивате нови задачи. Со оглед на тоа дека се работи за област во која не сте се испробале, ќе се соочите со голем предизвик. Ќе си докажете себеси и на другите колку се големи вашите способности. Не се закетувајте затоа што не сте безгрешен.

БИК
Конечно би можеле да донесете одлука, иако тоа е вашиот најголем проблем. Надминете го вашето двоумење и прифатете ја одговорноста. Избегнувајте расправии со мажи. Во љубовта не двоумете се, вистинско време е да заземете цврст став.

БЛИЗНАЦИ
Крајот на еден циклус на работа ќе ве направи многу горди. Вашиот удел е голем, а како награда очекувате материјален профит. Без оглед на вашите вистински заслуги, бидете подготвени дека финансиската добивка нема да биде сразмерна со вложениот труд.

РАК

Некои ваши размислувања ви го одвлекуваат вниманието и не ви дозволуваат да се посветите на она што сте го планирале. Можеби интензивно размислувате за личност која неодамна сте ја запознале. Може да има напнати моменти во постоечките емотивни односи.

ЛАВ
Ви претстојат состаноци и разговори од кои можеби очекувате премногу. Отворената конфронтација со луѓе кои се над вас во хиерархијата може дополнително да ги искомплицира веќе затегнатите односи кои не можете сами да ги решите.

ДЕВИЦА
Долго време одолевавте на импровизациите и ги туркавте своите идеи. Сега, кога туѓото решение е најлошо, мора да го прифатите. Мора да ја преземете вината за новонастанатата ситуација, бидејќи со својот негативен став предизвикавте инает кај претпоставените.

ВАГА
Вие сте оптоварени со грижи што самите ги создавате. Се обидувате да предвидите решение за проблемите кои сè уште не се ни појавиле. Вашето однесување може да ви наштети ако не се разбудите на време и не ја одделите реалноста од она што сте го измислиле.

ШКОРПИЈА
Самоуверениот и надмен став ја иритираат околината веќе извесно време која е трпелива со сите гафови што сте ги направиле. Доколку не промените нешто, на крајот од денот може да доживеете многу непријатна ситуација од која нема лесно да се извлечете.

СТРЕЛЕЦ

Некој смета на вашата поддршка и помош, а вие не можете да одбиете. Можеби ќе се обидете да се оправдате со лични обврски, но повеќе од веројатно дека на крајот ќе попуштите. Во контакт со саканата личност чувствувате блискост и страст.

ЈАРЕЦ
Добивате покана да се вклучите во проекти кои се развиваат во вашата околина. Од вас се очекува да бидете пионер во почетоците на нов вид на бизнис и поради некоја причина чувствувате дека тоа не е за вас. Слушајте ја вашата интуиција, повлечете се.

ВОДОЛИЈА
Целосно сте посветени на деловните активности. Ви претстојат интензивни настани и на професионален и на финансиски план. Ве очекува одлична можност во форма на понуда за соработка со луѓе за кои мислевте дека се недостижни.

РИБИ
Ве мачат стравови. Животот го организирате на начин кој само вам ви е јасен, а тоа ве изложува на критики од соседите. Не сте расположени за убедување и долги исцрпувачки разговори, а без тоа нема друг начин да се оправдате. Бидете потолерантни.

By Author