Како што храброста го загрозува животот, така стравот го штити. – Леонардо да Винчи
ОВЕН
Денот го одбележаа несакани промени на емотивен план. Веројатно причина за се е безопасна дискусија која се претвора во кавга. Вашата сакана личност е, во овој момент, потврдоглава од вас, па затоа советот е да не си играте за се да не се претвори во трајно раскинување.
БИК
Ова е важен ден за вас. Ви се отвора можност да ја завршите целата работа што сте ја започнале, а навечер очекувајте вести за нешто што одамна престанавте да го чекате. Дејствувајте брзо, инаку нешто големо може да ви помине.
БЛИЗНАЦИ
Се обидувате да ги решите проблемите кои воопшто не се решливи. Тоа значи дека непотребно трошите енергија и инвестирате време во нешто што не постои. Саканата личност не ги разбира вашите емотивни испади, па затоа е подобро да ѓи оставите сериозните дискусии за друг ден.
РАК
Се наѕира почеток на нова фаза во вашиот љубовен живот. Малку здив на нова енергија ќе биде доволен за да го подобрите односот помеѓу вас и вашата сакана. Слободните имаат шанса да започнат романса која може да биде долготрајна.
ЛАВ
Ве мачи нетрпеливоста, станувате неподносливо напнати. Ве очекуваат новости од кои зависи планот на следните активности. Не се работи само за денес, туку на некој начин, се работи за она што одредува по кој пат ќе тргнете на долг рок.
ДЕВИЦА
Доколку размислувате за готовински кредити, најдобро е да се откажете бидејќи подоцна ќе се изненадите од неповолни детали кои не сте ги разбрале на време. Најдобро е да ги намалите трошоците на минимум и да воведете краткорочни остри заштеди.
ВАГА
Финансиите ве мачат. Не играјте на картата за среќа, потпирајте се само на себе. Успехот ве очекува само ако работите напорно и се откажете од привилегиите во кои уживавте. Откажувањето не е проблем за вас, особено ако верувате во повисоки цели.
ШКОРПИЈА
Чувствувате дека некој се обидува да ве загрози. Победата е можна со голема борба доколку истраете. Во овој период, многумина од вас ќе почувствуваат зголемена напнатост на работа, која е резултат на промените кои се на хоризонтот, над кои немате никаква контрола.
СТРЕЛЕЦ
Ве очекуваат непријатни вести. Ова може целосно да ги расипе не само вашите дневни планови, туку и вашите неделни планови. Вашата посветеност на нов проблем може да предизвика превиди и грешки. Бидете внимателни, исклучително е важно да бидете фокусирани денес.
ЈАРЕЦ
Не го добивте очекуваниот одговор за работата која толку многу ве заинтригира. Сепак, очекувајте вести кои ќе ја подгреат надежта дека не е се готово. Ви претстои сериозен разговор и најдобро е навреме да се подготвите темелно.
ВОДОЛИЈА
Имате волја да го решите семејниот метеж кој стана комплициран. Ако работите ги сведете на остра реалност, ќе бидете задоволни со постигнатите резултати, особено ако излезете од сенката и јасно ги ставите работите таму каде што им е местото.
РИБИ
Исполнети сте со добро расположение така да ја губите малку реална слика за можностите кој се пред вас. Големите планови и амбиции можат да бидат запрени со неочекувано неповолни одлуки на некои луѓе кои на почетокот го исклучуваат вашето мислење.