ОВЕН
Денеска потрудете се сите ваши обврски да ги оставите некаде на страна и да се предадете на релаксирачка и опуштена атмосфера која ќе владее во вас и околу вас. Фатете ја саканата личност за рака и тргнете на прошетка или забава.
БИК
Дефинитивно ќе бидете малку тмурно расположени во дел од денот. Сепак, веќе во подоцнежните попладневни часови ќе бидете расположени за музика и забава и за некои романтични моменти со саканата личност.
БЛИЗНАЦИ
Денес е добро време да се договорите со пријателите и да се изгубите што подалеку од дома. Искористете го овој пат пред вас за да имате добро расположение во друштво на луѓето што ги сакате. Во доцните попладневни часови можен е благ замор.
РАК
Не дозволувајте мислите за работа или пари да ви ги расипат убавите моменти денес. Ќе имате тенденција да ги гледате работите како полоши отколку што навистина се, па затоа ви треба друштво со пријатели кои ќе ве извлечат од вашата статична состојба. Неможност за подолг контакт со саканата личност.
ЛАВ
Слаба концентрација во текот на денешниот ден затоа што сте премногу зафатени со личните приоритети, па нема да обратете внимание на потребите на другите…или на она што тие ви го кажуваат. Исто така, можно е ненамерно да навредите некого со вашето ладнокрвно однесување.
ДЕВИЦА
Првиот дел од денот, веројатно ќе го преспиете или ќе се влечете низ дома. Затоа вториот дел од денот е само ваш, бидејќи ќе ве поттикнат интересните контакти или можноста за излегување. Може да бидете трогнати од нечија иницијатива и внимание и да се впуштите во флерт, па дури и во авантура со оваа личност.
ВАГА
Колку и да ви биде интересен и стимулативен првиот дел од денот, ќе бидете изненадени од непредвидливите настани во попладневните часови. Или ќе брзате многу, или дури може да се случи некаква расправија помеѓу вас и вашиот емотивен партнер.
ШКОРПИЈА
Сомнежите ќе ве мачат во текот на овој ден. Не дозволувајте вашите пријатели да ве исфрлат од колосек со нивните нетактични потези. Бидете поспремни за компромиси, бидејќи ако се налутите, тешко ќе се контролирате себеси и оние со кои сте во контакт.
СТРЕЛЕЦ
Некој може да го доживее вашето однесување како премногу агресивно, па можно е да дојде до непотребни расправии со луѓе кои ви се важни. Обидете се да ја ограничите вашата потреба да ги контролирате луѓето околу вас. Емотивниот партнер може да ве смета за премногу непредвидливи.
ЈАРЕЦ
Ќе се налутите ако некој прекрши ветување, особено ако тоа доаѓа од пријател. Другиот може да биде преокупиран со обврски и целосно да заборави на нешто. Погрижете се тоа да не создаде поголем јаз меѓу вас.
ВОДОЛИЈА
Ден кој треба да го поминете со луѓето што ги сакате или со пријателите. Не паѓајте во искушението да купувате, затоа што најверојатно ќе трошите неверојатно. Ќе ве боли глава само кога ќе сфатите дека целосно сте го испразниле паричникот. Емоционално добра ситуација.
РИБА
Утринските часови ќе ги поминете талкајќи низ куќата, додека попладнето веќе може да биде интересно. Можеби ќе ви биде малку потешко вам и на вашиот емотивен партнер или ќе ви биде тешко да се договорите за средба, но токму тој состанок ќе ви донесе добро расположение, но и романтични моменти вам и на другата страна.