ОВЕН
Работа: Вашиот начин на пристап кон работата и обврските ќе бидат забележани од претпоставените и ќе бидете во поволна положба. На вистинскиот пат сте, продолжете така.
Љубов: Игнорирајте ги ситните несогласувања, не си го комплицирајте животот, занимавајте се со убавите работи и суштината на вашата врска.
Здравје: Многу добро.
БИК
Работа: Денеска Бикот ги очекува многу динамичен ден на деловен план, особено кога станува збор за започнување на некои нови проекти и идеи. Бидете внимателни со документите, внимателно читајте за да не пропуштите нешто важно.
Љубов: Во прогнозата е многу добар ден кога се во прашање нови познанства. Ширете позитивна енергија и добро расположение.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Сè оди на свој начин и нема сериозни пречки на патот за повеќето типични Близнаци овој вторник. Посебно можете да се истакнете во сите видови деловна комуникација и преговори, што е вашиот најсилен адут.
Љубов: Многу зависат од вас, затоа треба да посветите малку повеќе труд и енергија на саканата личност и да се обидете малку да се смирите.
Здравје: Психофизички замор.
РАК
Работа: Ви претстои еден од потурбулентните денови каде што може да се наместат и поволни и неповолни околности. Бидете трпеливи, не се нервирајте бидејќи ништо не можете да промените.
Љубов: Бидете малку повнимателни и промислени кога станува збор за нови познанства за да избегнете потенцијални разочарувања.
Здравје: Зајакнете го имунитетот.
ЛАВ
Работа: Ќе биде тешко и во текот на овој ден бидејќи постојано ќе се појавуваат проблеми поврзани со меѓучовечките односи, организацијата, па дури и финансиите.
Љубов: Слободни Лавови, ќе ви се средат околности за флертување, запознавање. Што е најважно, нема да ви недостасува страст.
Здравје: Можни стомачни проблеми.
ДЕВИЦА
Работа: Ќе имате можност да ги промените начините на извршување на одредени сегменти од работата, ќе ги усогласите колегите, а тоа позитивно ќе се одрази на вашата кариера.
Љубов: Организирајте дружење, повеќе заеднички активности и излегувања и со еден збор уживајте.
Здравје: Психофизички замор.
ВАГА
Работа: Треба што похрабро да го презентирате сето она што сте го замислиле и што сакате да го започнете и што не сте го обликувале и дефинирале целосно. Само напред.
Љубов: Ви претстои одличен ден на полето на љубовните врски, се оди кон тоа пријатно да се чувствувате и да дидете задоволни.
Здравје: Одлично.
ШКОРПИЈА
Работа: Одличен ден пред Шкорпиите. Бидете целосно посветени на организацијата на работата и справувајте се со соработниците на вистински начин. Може да добиете многу интересни деловни предлози.
Љубов: Слободни Шкорпии, доколку не направите конкретни потези кон личноста која ве привлекува, нема ни да знаете до каде сте.
Здравје: Пазете се од физички повреди, особено ако тренирате.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Претстои многу напорен ден за Стрелците. Сè уште имате заостанати обврски, затоа не ги метете под тепих
Љубов: Опуштен ден во љубовната сфера ги очекува повеќето членови на ова соѕвездие, а може да биде и некоја интересна ситуација со ново познанство.
Здравје: Внимавајте во сообраќајот.
ЈАРЕЦ
Работа: Одличен работен ден ги очекува повеќето типични Јарци. Целата енергија, искуство и амбиција треба да ја насочите кон нови проекти и иновации на полето на работата.
Љубов: Слободни Јарци, опуштете се и уживајте во новите познанства. Дозволете им да ве откријат и да го најдат патот до вашето срце.
Здравје: Многу добро.
ВОДОЛИЈА
Работа: Зголемената деловна активност продолжува кај повеќето Водолии, па затоа советот е да не брзате бидејќи во тој налет може да заборавите нешто важно да направите, што подоцна тешко ќе го поправите.
Љубов: Слободни, се појави некој кој ви го буди интересот, бидете малку поотворени и постапете според сопствената интуиција и чувство.
Здравје: Внимателно ракувајте со остри предмети.
РИБА
Работа: Би можеле да очекувате нечија поддршка во она што го работите, можеби ќе ви треба и некаков вид на усовршување, кој би можел да ви биде многу корисен во иднина. Искористете ги можностите кои ви се нудат.
Љубов: Работете на подобрување на постоечките врски, однесете ја приказната во правец кој вам ви одговара, бидете малку порешителни во намерите и сè ќе доведете на ниво кое вам ви одговара.
Здравје: Можна несоница.