Мора да се навикнете на малку тага во живот. Нема да знаете што е вистинска среќа ако немате со што да ја споредите.

ОВЕН
Работа:
Се двоумите дали да пријавите колега кој ја запоставува работара кај вашиот шеф. Подобро воздржете се, не е време да создавате лоши вибрации на работа.

Љубов: Уморни сте постојано да размислувате за подлабокото значење на зборовите на партнерот. Опуштете се, понекогаш нема подлабоко значење, а партнерот е искрен со вас.

Здравје: Одлично.

БИК
Работа:
Сè е во најдобар ред на работа, одите напред и никој не може да ве спречи. Не обрнувајте внимание на каустичните коментари на колегите, тоа е завист да се зборува од нив.

Љубов: Имате премногу очекувања од личност која штотуку сте ја запознале. Забавете малку и запознајте се подобро, па дури потоа размислете за иднината.

Здравје: Дигестивни проблеми.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Почнете повеќе да верувате во себе, а не постојано да ги доведувате во прашање вашите одлуки. Добри сте во тоа што го работите и нема потреба од сомнежи.

Љубов: За да промените нешто во врската, треба да знаете што ве мачи. Размислете добро и водете искрен разговор со партнерот.

Здравје: Несоница

.РАК
Работа:
Премногу превзедовте на себе и сега се чини дека нема да постигнете. Пожалете се на вашиот шеф и верувајте им на колегите и они ќе го сработат својот дел.

Љубов: Мислите на еден Јарец. Направете го првиот чекор и видете што ќе се случи.

Здравје: Долга прошетка и подобра исхрана многу добро би ви дошло.

ЛАВ
Работа:
Нервозни сте поради разговор со претпоставениот. Нема потреба да се грижите, сè ќе помине совршено.

Љубов: Некој од канцеларија ви испраќа тајни сигнали, а вие сте премногу зафатени со минатото за да обрнете внимание на некој нов.

Здравје: Спортувајте.

ДЕВИЦА
Работа:
Тимската работа не е за вас, а следниот пат кажете го тоа отворено. Вие сте независен играч и тогаш ги постигнувате најдобрите резултати.

Љубов: Премногу сте резервирани и партнерот нема поим што се случува со вас. Покажете му ги вашите вистински чувства.

Здравје: Нервоза.

ВАГА
Работа:
Се двоумите да ја прифатите можноста што ви се нуди. Обидете се да го надминете стравот од непознатото и максимално да ги искористите дадените околности.

Љубов: Играта топло-ладно не ви одговара и не се чувствувате сигурно. Подобро истапете и превземи ја иницијативата отколку да се бориш така.

Здравје: Главоболки.

ШКОРПИЈА
Работа:
Имате впечаток дека сите се против вас и дека не постигнувате многу. Повторно сте нетрпеливи и заборавате дека добрите работи доаѓаат по голем труд.

Љубов: Заљубени сте и уживате во поддршката од партнерот. Слободните Шкорпии имаат можност да остварат ново познанство со многу интригантна личност.

Здравје: Многу добро.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Ви недостига мотивација и ви е досадно на работа. Не чекајте шефот да постави нов предизвик пред вас, направете го тоа сами и ќе ја добиете потребната мотивација.

Љубов: Се обвинувате себеси за неуспехот во минатото. Преболете го и започнете нова врска слободно.

Здравје: Проблем со желудникот.

ЈАРЕЦ
Работа:
Не се трудите доволно, но тоа не поминува незабележано. Променете ја ситуацијата ако сакате да останете на таа позиција.

Љубов: Потребен ви е издувен вентил и некој нов. Обрнете внимание на еден Овен.

Здравје: Ви треба одмор.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Доцните малку и многу работи ѓи одложувате за подоцна. Побарајте помош од колегите за да го надополните пропуштеното.

Љубов: Непотребно се оптоварувате со љубомора. Нема опасност од ниту една страна, а вашата љубомора е единствениот проблем во вашата врска.

Здравје: Многу добро.

РИБИ
Работа:
Ви недостига креативност за да решите конкретен проблем на работа. Обидете се да размислувате од друга перспектива и ќе видите дека работите не се толку лоши.

Љубов: Уморни сте да чекате партнерот да одлучи што сака, а вие веќе одамна знаете. Не трошете го вашето време ако не ги сакате истите работи.

Здравје:Спијте повеќе.

By Author