Животот не е проблем што треба да се реши, туку реалност што треба да се доживее.
ОВЕН
Работа: Се најавува порелаксиран ден пред Овенот. Добро време е да затворите некои финансиски побарувања порано.
Љубов: Обидете се да ги оставите настрана сите грижи и премислувања и бидете малку потолерантни кон личноста за која се грижите.
Здравје: Потребна ви е психофизичка релаксација.
БИК
Работа: Биковите денес би можеле да бидат доста успешни на полето на комуникација со потенцијалните деловни партнери или соработници.
Љубов: Требаше одамна да ја расчистите вашата љубов во минатото. Сепак, денес демнете во замките на искушението во вид на контакт со личност која некогаш многу ви значела.
Здравје: Можни алергиски реакции.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Доколку сте пофлексибилни и малку повеќе склони кон компромиси, нема причина да не го завршите овој ден сосема задоволни од постигнатото.
Љубов: Иако ви изгледа тешко да промените нешто и да започнете од другата страна, не се откажувајте. Предложете некоја убава прошетка, одење во кино.
Здравје: Не претерувајте со омилената храна.
РАК
Работа: Иако атмосферата во вашиот близок деловен круг е малку мрачна, се трудите на своите постапки да не им давате причина за критики.
Љубов: Без навестување за некои значајни промени во вашиот емотивен план денес. Ви треба повеќе релаксација.
Здравје: Чувствителност на кожата.
ЛАВ
Работа: Пред Лавовите е уште еден релаксиран ден. Сепак, и во текот на овој ден добро ќе ви дојде помошта од докажаните соработници, чисто како упатство дека сте на вистинскиот пат.
Љубов: Добар дел од денешната позитивна енергија би било убаво да се фокусирате на полето на љубовните врски. Драга личност очекува барем толку од вас.
Здравје: Многу добро.
ДЕВИЦА
Работа: Со малку повеќе труд, реално е да се постигнат речиси сите поставени деловни цели за денес. Премногу се грижите за непотребните детали.
Љубов: Иако имате добри аспекти за фина комуникација со саканата личност, не дозволувајте сите ваши моментални активности на полето на љубовта да се сведуваат на приказна.
Здравје: Одлично.
ВАГА
Работа: Посветете се на решавање на заостанатите и незавршените работи. И тоа нека ви биде приоритет денес бидејќи е можна критика од претпоставените.
Љубов: Во сферата на љубовта ќе биде потребно многу трпение, доколку воопшто го имате, за да ги намалите тензиите кои можат да ескалираат во вашата врска.
Здравје: Напнатост, нервоза
ШКОРПИЈА
Работа: Денес за повеќето Скорпии нема непремостливи професионални пречки, а можни се и нови деловни договори.
Љубов: Доколку се сомневавте дека повеќе луѓе се заинтересирани за поблизок љубовен контакт со вас, денес сомнежите треба да бидат отфрлени.
Здравје: Можен проблем со спиењето.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Во текот на овој работен ден, Стрелците ги имаат сите шанси да бидат доста успешни во организирање на работата, солидна комуникација, но и поврзување на нови професионални контакти.
Љубов: Нема причина за вашата пасивност во текот на овој ден во доменот на љубовта. Сепак, нема да биде мудро пребрзо да се извлекуваат заклучоци за некои важни работи во врска со сегашното партнерство.
Здравје: Многу добро.
ЈАРЕЦ
Работа: Речиси се што е на вашиот деловен план за овој работен ден е реално остварливо без многу проблеми. Навикнати сте да работите континуирано.
Љубов: Денешните околности на вашето поле на љубовта не се најповолни за конкретни постапки. Што се однесува до новите познанства, моментално на повидок нема личност која би ги задоволила вашите критериуми.
Здравје: Потребен ви е одмор, повеќе психички отколку физички.
ВОДОЛИЈА
Работа: Пред Водолијата е уште еден одличен ден, како за завршување на веќе започнатите обврски, така и за воспоставување нови деловни контакти.
Љубов: Ви се допаѓа вниманието кое ви го дава драга личност. Уживајте во заедничките моменти што е можно повеќе.
Здравје: Внимавајте на редовна и правилна исхрана.
РИБИ
Работа: Многу е добар ден за Рибите да ги решат сите преостанати обврски со многу добра комуникација со околината и со добро расположение.
Љубов: Поволните околности на вашиот љубовен хоризонт најавуваат убав и релаксиран ден во љубовната област. Посветете се на саканата личност со максимално внимание.
Здравје: Многу добро.