ОВЕН
Работа: Некои бизниси во странство може да тргнат во погрешна насока, затоа бидете внимателни.
Љубов: Уживајте во вниманието кое ви го дава саканата личност. Би можеле да возвратите и со убав подарок.
Здравје: Можни болки во мускулите, грбот.
БИК
Работа: Ќе мора да повторувате некои ситуации, да решавате туѓи грешки, а сето тоа ќе ве успори и изнервира.
Љубов: Слободниот Бик, не дозволувајте некои можности да ви пропаднат и подоцна да се каете.
Здравје: Освен замор, нема посериозни здравствени предупредувања.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Обидете се да бидете смирени и да ја задржите ладнокрвноста, не влегувајќи во некои сериозни напнати ситуации со деловното опкружување. Држете се до вашиот дел од обврските пред се останато.
Љубов: Двете страни мора да покажат подготвеност за компромис, да попуштат во некои тензични моменти за се да функционира како што треба.
Здравје: Можни проблеми со некоја од жлездите, хормонален дисбаланс.
РАК
Работа: Нервозата и брзањето можат да ве кочат, а веројатно е дека ќе морате да се откажете од некои планови и да се прилагодите на новите случувања. Нема причина за грижа.
Љубов: Во овој ден треба да се обидете да ги искористите убавите и позитивни околности во љубовната сфера, пред се со искрен и директен пристап кон саканата личност.
Здравје: Можни мали хормонални проблеми.
ЛАВ
Работа: Внимавајте да не погрешите, поради брзото темпо, особено кога се работи за документација.
Љубов: Во вашата непосредна околина има многу интересни луѓе, па затоа внимавајте на сигналите кои ви доаѓаат.
Здравје: Проблеми со дишните патишта.
ДЕВИЦА
Работа: Ќе мора да се прилагодите на новите програми и тоа ви носи голема нервоза и напнатост, пред се поради временските одложувања.
Љубов: Оние кои се слободни можат да очекуваат исклучително интересни нови познанства, а има простор и за започнување посериозни љубовни приказни.
Здравје: Можна главоболка.
ВАГА
Работа: Денешниот ден треба да го искористите за да ги решите обврските кои ви заостанале, некои финансиски обврски, документи и формалности.
Љубов: Доколку сте задоволни од моменталната ситуација, уживајте во неа, а можни се големи промени, секако на подобро.
Здравје: Пазете се од настинки, алергии.
ШКОРПИЈА
Работа: Иако ве очекува напорен ден и многу обврски, кај повеќето Шкорпии не би требало да има причина за загриженост на полето на деловните активности.
Љубов: Ја израдувате саканата личност со предлог за патување и евентуално дружење или посета на пријатели. Опуштете се и уживајте во заедничките моменти.
Здравје: Можни стомачни проблеми.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Можете погрешно да ги процените луѓето затоа обидете се да не бидете личноста која одлучува за поголемиот дел од работата.
Љубов: Слободните Стрелци, постои голема можност да започнете убава долгорочна љубовна приказна.
Здравје: Грижете се за кардиоваскуларниот систем.
ЈАРЕЦ
Работа: Ќе имате падови кои може директно да зависат од вас, но на кои нема да можете да влијаете. Тоа би можело да се одрази негативно на целокупната финансиска состојба, па некои совети би биле да бидете повнимателни во ветувањата.
Љубов: Убав ден е максимално да се посветите еден на друг и да уживате во заедничките моменти.
Здравје: Можни болки во вратот.
ВОДОЛИЈА
Работа: Денеска не сметајте на солидарноста и лојалноста на оние околу вас, се ќе мора да направите сами.
Љубов: Не бегајте од соочување со некои дилеми кои ве оптоваруваат, време е отворено да разговарате за се.
Здравје: Многу добро.
РИБА
Работа: Она на што треба да внимавате се односите со колегите и претпоставените, можни се вербални расправии и саботажи, бидејќи околу вас има многу негативна енергија.
Љубов: Доколку сте расположени за флерт и уживање во лежерна фина комуникација, опуштете се, бидејќи сигурно е дека денес ве очекува убаво познанство.
Здравје: Многу добро.