На крајот најважни се нашите избори. Не желбите, не зборовите, ниту ветувањата!

ОВЕН
Се надеваме дека убаво си поминавте и уживавте во новата година. Овој ден пред се е резервиран за вашиот одмор, но и за контакти со пријателите. Дружењето оставете го за вечерните часови кога имате повеќе енергија, а времето пред тоа искористете го за да се опуштите…

БИК
Се надеваме дека уживавте во новогодишната ноќ. Веројатно е дека првиот дел од денот ќе го поминете прилично сонливо (некои од вас дури и мамурни), но попладневните часови се веќе резервирани за вашето друштво или за контакт со членовите на семејството.

БЛИЗНАЦИТЕ
Повеќе од убеден сум дека новогодишната ноќ беше во одлично расположение и убав провод. Ќе ви треба малку време за опоравување и одмор, но од попладне сте подготвени повторно да полудите и да излезете со пријателите или со емотивниот партнер.

РАК
Расположението од синоќа ќе ве одржува во текот на целиот ден. Сигурна сум дека ќе имате желба да продолжите да славите и дека ќе приредите некоја забава или дружба. И денес ве држи доброто расположение и сакате контактот со луѓето што ги сакате.

ЛАВ
Вашиот дом е исполнет со некои драги лица. Можно е да продолжите да славите денес или барем попладне да одберете да излезете со друштво во ресторан, забава или вечера. Вие сте одлично расположени и ширите позитивна атмосфера околу себе.

ДЕВИЦА
Не, драги мои Девици – не почнувајте да размислувате од моментот кога ќе станете за сите работи што треба да ги направите и подготвите. Задржете го доброто расположение од синоќа, борете се за средување, подгответе се и излезете со пријателите кои ве канат на забава.

ВАГА
Забавата беше одлична и сакате реприза или продолжение. И денешниот ден е исполнет со позитивни настани, позитивни луѓе и настани. Не избирајте да останете дома, освен ако немате намера да правите забава….

ШКОРПИЈА
Шкорпиите или ќе изберат добро да се одморат денес, или ќе поканат некои драги луѓе во својот дом. Во моментов најмногу ви одговара топла, пријатна атмосфера и да бидете опкружени со луѓе што ги сакате. Одлично сте расположени и ќе ја опсипете саканата личност со внимание и романтика.

СТРЕЛЕЦ
Сигурен сум дека си поминавте повеќе од добро минатата ноќ, но убеден сум и дека ќе сакате да ја продолжите забавата. Денеска сте како приклучени на струја – местото не ве држи – ќе бидете во контакт со многу луѓе и ќе ширите позитивна атмосфера околу вас.

ЈАРЕЦ
Се надевам дека си поминавте одлично минатата ноќ, опкружени со луѓето што ги сакате. Денес ќе сакате повеќе да се удоволите себеси, ќе ви се допадне домашната атмосфера или ќе одите во ресторанот што го сакате со вашите најблиски. Почестете се денес, вие го заслужувате тоа – одморете.

ВОДОЛИЈА
Вашето добро расположение и денес е на врвот. Треба да бидете опкружени со пријатели и сакани. Желбата за уживање и релаксација е нагласена, а попладневните или вечерните часови можат да ве извлечат од дома и да го свртат патот на забава и акцијата.

РИБИ
Новогодишната ноќ и дочекот беа бурни, па ќе ви треба малку време за себе, за одмор и релаксација. Сепак, не останувајте дома попладне – може да добиете покана од пријател или близок за состанок или социјален настан. Прифати.

By Author