Нафтените деривати од ноќеска на полноќ ќе поскапат во просек за 1,67 отсто, соопшти вечерва Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат и ќе останат 93 и 95 денари, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за три денари и ќе изнесува 97 денари.
Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 92,50 денари, а на Мазутот се зголемува за 1,404 денари и ќе изнесува 60,569 денари за килограм.
РКЕ.наведува дека трговците на големо и мало со нафта и нафтени деривати можат да ги формират цените на одредени горива и пониско од највисоко утврдените цени.