Денес можеби е денот Д за македонската фудбалска репрезентација, денес е ждрепката за првиот квалификациски дуел за пласман на светското првенство.

Секоја репрезентација своја тежина, некој подмладени, некој веќе зрели за успеси други веќе во залез и на чекор до смена на генерации. Во сета оваа математика каде е нашата репрезентација која по цена на трансвер пазарот е најевтина во ова елитно друштво, но со дечки кои веќе со години имаат стварано кохезија која веќе видно владее меѓу нив.

Ние сме желба скоро па на сите репрезентации, а кој се нашите желби, можеби Велс во кој има ѕвезди како Герет Бејл, Арон Ремзи и Бен Дејвис, или можеби за нијанса послабата на хартија Шкодска во која играат играчи воглавном од Премиер и Чемпионшип лигите. Или можеби ја посакуваме Шведската репрезентација која во моментов има смена на генерации но сепак предводена од чудесниот ветеран “Ибрака-дабра” – Златан Ибрахимович и нашиот, а нивни играч Дејан Кулушевски, можеби треба да му одржиме лекција каква грешка направи.

Останатите репрезентации кој може да и се противници во првиот дуел на Македонија се: Португалија – која е најскапа на трансвер пазарот, Италија – актуелен европски шампион и Русија.

By Author