Загрепската полиција уапси 70-годишен пензионер кој во четвртокот вечерта со воздушна пушка пукал во загрепски Јарун, при што повредил малолетник.
За среќа во несреќата девојчето кое било погодено во потколеницата се здобило со полесни повреди, пишува Јутарњи лисист.
Веднаш по пријавата околу 18.30 часот на местото на интервенцијата на улицата „Фрањо Фуиса“ пристигнала полиција и многу брзо му влегла во трага на 70-годишниот маж кој е кривично пријавен за загрозување на животот и имотот со општо опасно дело или средство. . Истрагата утврдила дека маж испукал неколку истрели од воздушна пушка калибар 4,5 милиметри од зграда на улицата Јосипа Прикрила во правец на малолетници кои биле на улицата Фуисова, преку паркот.
Осомничениот е предаден на надзорникот на притворот, а до надлежното државно обвинителство е поднесен посебен извештај.