Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода Т.М.(28) и Н.А.(19), двајцата од Штип, лицата околу 23.35 часот на ул.„Борис Крајгер“ во Штип биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од градежен објект.
Како што информираат од МВР биле одземени украдените предмети и вратени на оштетеното лице.
„По целосно документирање на случајот, против Т.М. и Н.А. ќе бидат поднесени соодветни пријави“, стои во соопштението од Министерството.