Двајцата полицајци кои биле во возилото починале на лице место
Двајца бугарски полицајци загинале при обид да запрат автобус со мигранти кои се обидувале илегално да влезат во земјава од Турција, изјави висок функционер во МВР Станимир Станев.
Според него, инцидентот се случил во градот Бургас на брегот на Црното Море, откако возачот на автобусот одбил да застане на два гранични пункта.
Во автобусот со турски регистарски таблички имало 47 мигранти чија националност не е откриена, пренесува АП.
Автобусот влегол во станбена населба во Бургас, а полицајците го запреле возилото пред него.
Автобусот потоа удрил во полициско возило, го прегазил и удрил во автобуската станица.
Двајцата полицајци кои биле во возилото починале на лице место.
Нема информации за повредени, а инцидентот е под истрага.
Против возачот на автобусот сè уште не е покренато обвинение, но окружниот обвинител го окарактеризира неговото дело како „свесно и намерно“.