Џенифер Гејтс,ќерката на еден од најбогатите луѓе на светот Бил Гејтс се мажеше минатиот викенд. Нејзиниот избраник е Најер Најс, професионален јавач на коњи. Венчањето се одржало на фамилијарната фарма на коњи во близина на Њујорк која вреди 25милиони долари. Венчавката вклучувала две церемонии, а на неа и предвиделе вечери во познатите њујоршки ресторани.
Џенифер за “Вог” кажала дека ова не било воопшто лесно да ја испланират свадбата во текот на “предизвикувачката година”. Таа додала “Се испланиравме и покрај големите обврски. Јас морав да се бавам со моите студии по медицина, а Најер со припремите за олимпијада”.
Џенифер го прокоментирала и тоа што од гостите барале да бидат вакцинирани или со негативен тест. “Донесовме таква одлука за сите да бидат безбедни. Исто така ставивме на располагање и маски. Знаеме дека други ја немаат среќата да се соберат во волкав број во време на пандемија”.
На венчавката ги забавувале познати музичари, како Хери Хедсон. Бил Гејтс на Инстаграм споделил фотографија од младенците со допирлива порака “Толку сум горд на вас двајцата поради се што досега постигнавме во животот и за се што ќе направите во заедничката иднина” напишал истиот.