Полицијата во Флорида откри дека Мишел Хоскинс (64) два месеци го криела трупот на нејзината мајка Марија (93) во замрзнувач за да продолжи да ја добива инвалидската пензија.
Телото на старицата го пронашла полицијата по анонимна пријава. Мишел во полиција признала дека откако починала нејзината мајка, купила нов замрзнувач и го ставила трупот во него, за да не остане без приходи, пренесува М.Г.
Истрагата открила дека жената починала од природна смрт и веќе била мртва две недели пред нејзиното тело да биде ставено во замрзнувач.
Пријавената признала дека пред да ги собере парите за да го купи замрзнувачот ја чувала мајка си во душек. При претрес на нивниот имот, полицијата го пронашла тој душек – бил валкан и скриен во дебели грмушки покриени со лисја од палми.