Поради големата заинтересираност на граѓаните за субвенциите за купување нови велосипеди и исполнување на предвидените средства, Градот Скопје известува дека овој јавен повик е затворен.
„Јавниот повик беше објавен на 19 април 2021 година и аплицирањето се одвиваше онлајн, на линк објавен од Град Скопје. Од објавувањето на јавниот повик досега аплицирале 3.057 граѓани и со тоа, предвидените финансиски средства се исцрпени. Граѓаните покажаа голема заинтересираност за овој проект, а со тоа и висока свест за заштитата на животната средина“, стои во соопштението.
Како што информираат од Град Скопје во изминатите три години биле додели над 10.000 субвенции за граѓаните што купиле велосипед.