Следење од лажни профили од профили на другарки па случајно лајкнување на слика и паниката дали ќе примети колку пати сме биле сведоци на ваква ситуација.
Безразлика кој повеќе сакал и кој бил тој што оставил кога се прекинува една врска некој го боли повеќе,некој плаче , некој го очекувал крајот за некој е шок па се лупат врати и блокира на социјални мрежи…
Кај раскинувањето секогаш има два момемента односно има два типа на луѓе по прекин на една врска по начинот на кој тоа го прифаќаат.
Првиот сеуште не може да се помири со фактот дека врската се завршила па го следи бившиот на Инстаграм од лажен профил или профилот на другарка.Следењето на социјалните мрежи рака на срце можеби во даден момент ја олеснува болката она додека гледаш познати фаци и места, се уште го пие истиот коктел и го става истиот стикер па се осеќаш како да си сеуште дел од тоа секојдневие во кое се уште ништо не е сменето, но дали вреди за љубомората и лутината која ќе ја осеќаш кога работите ќе се променат.
Другата крајност фрлањето на сите заеднички работи и поклони пропратено со блокирање на социјалните мрежи ми е исто така позната.”Не сакам да го видам него а не па сториња да му гледам”дали реченицава ви звучи познато и не ова не го прават како изговор туку како единствен начин да се справат со раскинувањето.
Оваа опција не е совршена но далеку од тоа дека опсесивното следење од лажен профил е подобра.
“Снима се,како скида се,игра спорије она зна ским сам ја и гдје прати ми сторије.Желим је кревет њен мој териториј је…”
Пее Буба а тоа е лик најчесто поврзуван со Јала а веќе знаеме дека они двајца највеќе се бават со делот на животот за кој не се зборува со родителите.
Според мене прв чекор напред не треба да биде бегајќи туку токму со ѕиркање во нечиј живот.Не така што ќе живеете на нечиј профил и ќе чекате знаци на живот ама не ни така што потполно ќе го игнорирате некој без кој до вчера не сте можеле да се замислите.
Треба едноставно од време на време да погледнете што се случува на профилот но не со надеж дека ќе се промени нешто или со идеја да се оствари одново комуникација туку само како reality check.