Испораката на гас за 9 декември ја надмина дневната количина предвидена со договорот за 16,4 отсто

„Газпром“ на 9 декември постави нов историски рекорд кога станува збор за дневните испораки на руски гас за Кина преку гасоводот „Силата на Сибир“, соопшти денеска рускиот енергетски гигант.

– Испораката на гас за 9 декември ја надмина за 16,4 отсто дневниот износ предвиден во договорот – се наведува во соопштението, пренесе ТАСС.

Исто така, се истакнува дека Гаспром го исполни барањето на кинеската страна за зголемување на дневните испораки на гас во декември, во однос на претходно утврдениот распоред.

Италијанскиот министер за животна средина и енергетска безбедност, Жилберто Пичето Фратин, на почетокот на неделата истакна дека Италија продолжува да се потпира на рускиот природен гас, кој продолжува да го увезува и покрај повиците на ЕУ за забрана.

By Author