Иако Израел и Хамас се договорија за прекин на огнот во Газа, тензиите и судирите меѓу израелската полиција и демонстрантите на Западниот брег не стивнуваат, а во Њујорк, кој има една од најголемите еврејски заедници во Соединетите држави, беше напнат денес. Имено, таму избувнаа конфликти меѓу Палестинците и нивните приврзаници од една страна и Евреите од друга, поради што полицијата мораше да интервенира.
Имено, на социјалните мрежи се појавија еден куп видеа со насилство од улиците на Њујорк, каде се судрија палестинските приврзаници од една страна и припадниците на еврејската заедница од друга страна.
Протестите влегоа во нивниот втор ден.Вчера прво имаше провокации, а потоа и тепачки и анесемитски пораки, поради што полицијата интервенираше и уапси некои учесници од обете страни.На насилството му претходеа провокации на двете страни, што прерасна во насилство.Прво преку тепачки,а потоа и преку фрлање на запаливи бомби.