Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 36 мерки за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за возач почетник, две за нерегистрирани возила, три за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.