Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, а шест за користење на мобилен телефон.
Изречени се и 30 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 10 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, 15 за технички неисправни и нерегистрирани возила…
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.