Економско-социјалниот совет в понеделник на седница ќе ја носи одлуката за висината на минималната плата.

Во првата половина на годинава се очекува во владина процедура да влезе и новиот закон за работни односи за којшто во тек се средби и дискусии со сите засегнати страни. Досега, како што информира Тренчевска, одржани се десет дебати за овој закон.

Во однос на паричните надоместоци за правата од социјална и детска заштита, Тренчевска вели дека тие се зголемени.

Прашана за најавеното зголемување на пензиите, Тренчевска вели дека пензионерите ќе го добијат зголемувањето со исплатата на пензиите во март. Со исплатата на пензијата за март, којашто следува на крајот од март, сите пензионери ќе добијат зголемување на пензиите за 8,4 проценти. 

By Author