Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,92 % во односна одлуката од 3.05.2022 година.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,293 ден/кг и ќе изнесува 53,587 ден/кг.
Од 5.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95- 88,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 -90,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -90,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -87,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС -53,587 (денари/килограм)