Покрај ковчегот на покојната кралица се собраа осум роднини.
Британските принцови Вилијам и Хари застанаa на чело и подножје на ковчегот на кралицата на специјално бдение во сабота навечер со сите осум внуци на монархот.
Војводата од Сасекс ја носи воената униформа што не ја носел за време на погребната поворка во средата од Бакингемската палата до Вестминстерската сала – на барање на кралот Чарлс III за време на 15-минутната церемонија.
Тоа се смета за најнов потег за помирување меѓу кралот и неговиот син, чии односи станаа затегнати откако Хари се повлече од функцијата член на кралското семејство.
Осумте внуци на кралицата влегоа во Вестминстерската сала за да бдеат за нивната покојна баба .
Принцот Вилијам, принцот Хари, принцезите Беатрис и Евгенија, Зара Тиндејл и Питер Филипс, Лејди Луиз Виндзор и Џејмс Виконт Суверен беа таму.
Зара Тиндал и Питер Филипс ќе застанат до Вилијам, принцезата Беатрис и Јуџин до Хари, а двајцата најмлади внуци на кралицата Елизабета, Лејди Луиз и Виконт Северн, ќе стојат во средината на страните на ковчегот.
Принцот Хари до сега не можел да носи воена униформа бидејќи се повлекол од кралските должности, па затоа е лишен од военото покровителство.
Така беше и со принцот Ендрју, поради секс скандалот околу Џефри Епштајн, но тој доби дозвола да носи бдеска униформа како и останатите деца на кралицата. Оправданоста за оваа одлука се објаснува со фактот дека тоа ќе биде „последен знак на почит“ за кралицата Елизабета Втора.