Како што се наведува во соопштението од 124 седница,Владата донесе одлука за одредување на највисоките цени на основните животни намирници во трговијата на големо и мало, кој ќе важат најмалку до 31 јануари 2022 година.
Со оваа одлука се одредува највисоката цена на основните прехрамбени производи-леб, шекер, брашно тип 400, сончогледово масло, трајно млеко со 2,8%, 3,2% и 3,5% масленост, свежото месо, сувомеснатите производи, сирењето.
“Највисоките цени се утврдуваат на ниво на цените кои се применувале до 1 декември 2021 во трговијата на големо и мало. Одлуката ќе се применува до 31 јануари 2022 година со можност за продолжување; ако ситуацијата на пазарот ипонатаму тоа го бара.”
Mинистерот Бектеши на Фејсбук објави дека одлуката е донесена на предлог на министерството за економија и дека се”исклучени цените на привремените попусти кои важеле до 1 декември 2021 година”