Македонските „Ми 24“ од руско производство, кои земјава ги набави во 2001-та година, ќе летаат како донација за Украина.
Владата доцна синоќа ја разгледа информацијата и ја усвои потребата од склучување на протокол со украинското Министерство за надворешни работи за донирање на македонските воздухоплови.
Од Министерството за одбрана велат дека за хеликоптерите од типот „Ми-24“ уште пред осум години, се потрошени ресурсите, односно не се користат поради недостиг на резервни делови, но сметаат дека Украина има капацитет да ги стави во функција и истите да ги користи за потребите на украинската армија за изведување различен вид операции и борбени активности.
Од друга страна, македонското Министерство за одбрана има намера да набави нови повеќенаменски хеликоптери и тие ќе имаат првенствено транспортна, а не борбена улога.