Во Версилија со денови кружат гласини дека руски пар од Лондон изнајмил приватна вила во сопственост на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

За тоа пишуваат и италијанските медиуми кои тврдат дека агенцијата за недвижности преку која се изнајмува вилата преговарала со корејски туристи, кои имале намера да ја изнајмат за цел август, за цена од 50 до 70 илјади евра. Меѓутоа, тоа пропаднало и вилата ја изнајмил брачен пар од Лондон.

Овој скандал се појави по јавните повици на Зеленски до Италијанците да не изнајмуваат недвижен имот на руски граѓани, пренесува AthensNews.

Вилата наводно има 15 соби, базен и се наоѓа на луксузен имот. Наводно и еден Русин објавил фотографии од градината на куќата.

Од агенцијата за недвижности категорично ги демантираат овие наводи.

„Не можам да додадам ништо повеќе поради условите на договорот и да ја заштитам приватноста на клиентот, но објавеното е невистинито“, изјави агентот.

„Ова што е напишано е само шпекулација. Вилата е издадена на брачен пар за лето. Нема да кажам дали живеат во Лондон или не, но ве уверувам дека не можат да бидат Руси бидејќи апсолутно ни е забрането да ја изнајмуваме вилата на Русите и Украинците“, изјави агентот Клаудио Салвини, пренесува switzerlandtimes.ch.

Според него, станарите на куќата би можеле да имаат гости што зборуваат руски. Меѓутоа, во принцип, некој друг можел да ја изнајми вилата и да ги пушти Русите да се вселат.

Бруно Мурзи, градоначалникот на градот Форте деи Марми каде се наоѓа вилата, не знаел дека Зеленски е сопственик на имотот.

„Пред војната знаевме само дека е на странска компанија“, рече тој

By Author