Има многу модни правила кои престанаа да важат, но едно нешто многумина се уште го почитуваат: не носете бело на туѓа свадба. Изгледа дека за тоа Викторија Бекам воопшто не се грижи, бидејќи на гламурозната венчавка на уредничката на Вог се појави во фустан кој неодоливо потсетува на венчаница.

Викторија се уверила дека е во центарот на вниманието на почетокот на прославата на венчавката и роденденот на главниот уредник на британскиот Вог, Едвард Енинфул.

Едвард, кој наполни 50 години, треба да се ожени со својот долгогодишен партнер Алек Максвел, на имотот Лонглит во Вилтшир.

Викторија на имотот пристигна буквално во венчаница – носеше макси свилен фустан со детали од тантела. Лесно може да помислите дека е невестата!

Модната дизајнерка позираше на дното од мермерните скалила, покрај британскиот моден критичар на Вог, Андерс Кристијан Мадсен и стилистката Кристин Сентенера.

На свадбата на Енинфул и Максвел се очекува да присуствуваат 300 гости, меѓу кои Леонардо ди Каприо, Кејт Мос и Донатела Версаче. Имотот каде што се одржува церемонијата може да се пофали со сафари парк од 9.000 хектари познат по своите лавови.

Во понеделникот вечерта, Едвард сподели фотографија од својата предроденденска вечера на Инстаграм – со група модели меѓу кои Кејт Мос, Наоми Кембел, Стела Максвел, Ирина Шајк.

https://www.instagram.com/p/CaKNp38sT78/?utm_source=ig_embed&ig_rid=04d1a625-a2c5-4776-bd05-e911f0a0cda9

By Author